Ако досега сте мислеле дека џигерот секогаш мора да биде сув и жилав, време е да го пробате овој едноставен, но генијален трик!
Со нашите проверени рецепти, ќе добиете џигер кој буквално се топи во уста.
Рецепт со брашно и со вино
Состојки:
600 г телешки, свински или пилешки џигер
300 мл млеко
300 гр брашно
четири чешниња лук
100 мл бело вино
магдонос, сол, зачин по желба, масло.
Подготовка
Џигерот исечете го на тенки парчиња, потоа потопете ги во млеко особено кога станува збор за телешки или свински џигер. Најдобро е да отстои во млекото преку ноќ во фрижидер, или најмалку 2-3 часа.
Извадате го џигерот од млекото, исцедете го и избришете го со салфетки.
Истркалајте го во брашно.
Пржете го на масло, но додајте малку вино.
Пржете околу пет минути. Пржениот џигер наредете го во сад, потоа посолете го и послужете го со ситно сечкан магдонос наросен врз џигерот.

Рецепт без брашно
Состојки:
600 г телешки, свински или пилешки џигер
200 мл млеко
1 главица кромид (исечкан на полумесечинки)
50 г путер
2 лажици масло
1 лажичка сол
½ лажичка црн бибер
½ лажичка црвен пипер
Подготовка:
Исечете го џигерот на тенки парчиња и потопи го во млеко, оставете го да отстои најмалку 1-2 часа.
Загрејте масло и путер во тава. Додадете го кромидот и динстајте додека омекне.
Додадете ги парчињата џигер и пржете ги по 2-3 минути од секоја страна, само додекадобијат боја.
На крај, додадете сол, бибер и црвен пиперка (по желба). Измешајте и тргнете го од оган.
Послужете го со пире од компири или свежа салата.

Во што уште е трикот за мек џигер?
За да добиете џигер мек како путер, клучот е во тоа да го потопите во млеко (да отстои во млеко најмалку 1-2 часа). Млекото ќе ја извлече горчината и ќе го направи нежно мек.
Не го препечувајте! Тоа е второто клучно правило за мек џигер. Џигерот станува потврд ако се готви предолго. Најдобро е да се пржи 2-3 минути од секоја страна на средна температура.
Додадете сол на крај! Ако го посолите на почетокот, може да стане потврд. Солта се додава на крајот на готвењето.
Со овие мали трикчиња, џигерот ќе биде мек, сочен и буквално ќе се топи во уста!