Реклама
Наши ѕвезди

Нема ни грам вишок, а никогаш не држела диета – оваа македонска пејачка блеска и во петтата деценија

Тања вели дека за многу работи виновна е генетиката и дека веќе со години ги има истите килограми

Реклама

Тања Јовановска-Трајкова важи за една од нашите најпознати фолк-пејачки за чии настапи секогаш се бара место повеќе.

Таа покрај тоа што е пејачка, работи и како психолог, а по нејзините стапки тргна и нејзината ќерка Драгана Јовановска.

Но тоа секако не е случајно, бидејќи и нејзиниот татко, односно сопругот на Тања, Младен Јовановски, е професор по музика.

Маркетинг

Фејбсук/ Тања Јовановска Трајкова

Не велат за џабе дека крушата не паѓа далеку од стеблото, па така и Драгана покрај тоа што го наследила талентот од своите родители, таа го поседува и нивниот шар, посебно убавината на мама.

Маркетинг

Фејбсук/ Тања Јовановска Трајкова

А кога сме веќе кај убавината, Тања и денес во пресрет на својот 47 роденден, изгледа беспрекорно за свои години.

Фејбсук/ Тања Јовановска Трајкова

И како што самата истакна во една пригода, за нејзиниот шарм највиновни се гените, па така таа речиси никогаш не гладува.

Фејбсук/ Тања Јовановска Трајкова

Имено, пејачката Тања никогаш не била на диети и строг режим на исхрана, а отсекогаш ја имала речиси истата тежина.

Фејбсук/ Тања Јовановска Трајкова

За нејзината витка линија заслужна е генетиката, а дури од неодамна за прв пат во животот почнала да внимава на исхраната.

„Изгледот и го препуштам на генетиката. Знаете, колку е тешко да симнеш килограми, толку е тешко и да ги ставиш… Е јас сум од овие вторите. Стандардно ја имам истата тежина. На исхрана пазам во последно време, а до пред некој месец не се воздржував од ништо“, изјави неодамна Тања во интервјуто за Гламур магазин.

Фејбсук/ Тања Јовановска Трајкова

Таа тогаш исто така додаде дека нема направено ниту една естетска корекција, но и дека нема ништо против нив, па во првиот момент кога би мислела и почувствувала дека треба да поправи нешто, би направила корекција, секако во граница на природното.

Што друго ни откри оваа прекрасна дама во нејзиното последно интервју за Гламур магазин, прочитајте тука...

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button