Во последниве години, кето диетата стекна огромна популарност поради своите придобивки за слабеење и подобрување на метаболичкото здравје.
Еден од најголемите предизвици за луѓето што ја следат оваа диета е откажувањето од лебот, но добрата вест е дека постојат одлични алтернативи!
Во овој текст ќе споделиме неколку рецепти за леб без јаглехидрати, ќе ги истакнеме неговите здравствени придобивки и како може да се вклопи во вашата диетална исхрана.
Зошто кето леб?
Кето лебот е направен без брашно што содржи глутен или висока количина на јаглехидрати, што го прави идеален за луѓето кои сакаат да ги намалат јаглехидратите во исхраната. Овој леб ги стабилизира нивоата на шеќер во крвта, помага во слабеење, го намалува воспалението, го обезбедува телото со здрави масти и протеини и не предизвикува надуеност.
Рецепти за кето леб
Класичен кето леб со бадемово брашно

Состојки:
200 г бадемово брашно
5 јајца
50 г путер или кокосово масло (стопено)
1 лажичка прашок за печиво
1 лажичка јаболков оцет
Прстофат сол
50 мл бадемово млеко или вода
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180°C и обложете ја тавата со хартија за печење. Измати ги јајцата додека станат пенести. Додади го стопениот путер, оцетот и солта.
Постепено додади го бадемовото брашно и прашокот за печиво, мешајќи полека.
Истури ја смесата во тавата и печете 40-45 минути, додека да добие златна кора.
Оставете го лебот да се излади пред да сечете кришки, за да не се распаѓа.
Одличен е со путер, авокадо или урда/кајмак!

Кето леб со ленено брашно (опција без јајца)
Состојки:
150 г ленено брашно
2 лажички прашок за печиво
1/2 лажичка сол
2 лажици маслиново масло
250 мл топла вода
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180°C и земете калап за леб. Измешајте ги сувите состојки во еден сад. Постепено додадавајте го маслиновото масло и топлата вода, мешајќи додека не добиеш хомогена смеса.
Истурете ја смесата во калапот и оставете да се пече 35-40 минути.
Изладете го кето лебот пред сечење.

Кето „облак“ леб –најлесен рецепт
Состојки:
3 јајца
100 г крем сирење
1/2 лажичка прашок за печиво
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 150°C. Одделете ги белките од жолчките. Белките измати ги во цврст снег со прашокот за печиво.
Измешај ги жолчките со крем сирењето, па внимателно со лажица додади ги белките.
Со лажица формирајте кругови на хартија за печење и печете 15-20 минути.
Идеален е за сендвичи!

Здравствени придобивки од кето лебот
Кето лебот е богат со здрави масти и протеини, што го прави одличен избор за секојдневна исхрана. Некои од неговите најголеми придобивки се: подобра контрола на шеќерот во крвта (нема скокови на инсулин како кај обичниот леб), го намалува апетитот (високата содржина на масти и протеини помага да се чувствувате сити подолго време), ја подобрува функцијата на мозокот (кето диетата е докажано корисна за когнитивното здравје), го намалува воспалението во телото (овој леб не содржи глутен, што е голем плус за луѓе што се чувствителни на глутен.
Кето лебот може да се чува во фрижидер до една недела или да се замрзне за подолга свежина.