Реклама
Бизнис

Нема да ви се верува, ама за ова во Германија може да ве „ошишаат“ и да платите казна и до 2500 евра

Еве зошто требе да бидете внимателни со вашите стари електронски картички во Германија

Реклама

Како што пренесува Феникс магазин, доколку истечена електронска картичка непрописно ја фрлите, може да платите и голема казна.

Имено, малкумина знаат дека дебитните картички откако ќе станат неважечки мора прописно да бидат одложени, односно не треба да бидат фрлени со останатиот домашен отпад.

Непланирано „стрижење“…

И доколку бидете фатени дека непрописно сте ги фрлиле, за тоа може да бидете и казнети, а вистината на казната зависи од покраината во која живеете, а во некои се поприлично високи.

Маркетинг

Принтскрин/ Гламур

Па така и покрај тоа што електронските картички во главно се целосно направени од пластика, тие не се фрлаат во жолтата канта, кантата за рециклирање ниту пак во црната канта за отпад. Тие едноставно не спаѓаат во ниту еден вообичаен домашен отпад, туку заради својот електронски чип се класифицирани како електрични уреди и според Законот за електрични уреди треба да „завршат“ како и сите останати работи опфатени со овој закон.

Маркетинг

Каде да ги фрлите?

Па така доколку најбезбедно е да ги одложите во супермаркетите и продавниците за електрични уреди кои имаат места за ваков отпад.

Принтскрин/ Јутуб, ТВ 24

Казни и до 2500 евра?

Што се однесува до казните што со кои би можеле да се соочите ако непрописно ги фрлите, тоа зависи од покраината во која живеете.

Па така на пример во Хесен или Туринген теоретски казните за вакви прекршоци можат да достигнат и сума од 2500 евра.

Но, тоа е максималната казна, која сигурно нема да ја платите за погрешно одлагање на една електронска картичка.

Дали сте знаеле?

Можеби не сте знаеле, но електричниот и електронскиот отпад и отпадните батерии делуваат речиси исто како нетоксичен отпад, па нивното несоодветно третирање, уништување и депонирање доведува до испуштање на тешки метали како во воздухот, така и во водата и почвата, што сериозно делуваат на здравјето на граѓаните и воопшто на квалитетот на животната средина.

Овој проблем кај нас се зголемува!

Овој отпад содржи екстремно токсични, често канцерогени супстанции што доведуваат до оштетување пред се на мозокот, срцето, бубрезите, белите дробови, а влијаат и на зголемување на крвниот притисок и на проблеми во репродуктивниот систем кај луѓето.

Речиси 70% од тешките метали, вклучувајќи ја живата и кадмиумот на депониите потекнуваат од електронската опрема, а овој проблем се зголемува од година во година.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button