Реклама
Бизнис

Звучи „шашаво“, ама оваа жена за продавање торти на социјалните мрежи ќе „загази“ квалитетно

Продавала торти на „црно“ на Фејсбук и заработила преку 70.000 евра, ама сега заради една грешка може да се соочи со неверојатно голема казна

Реклама

Како што пренесуваат австриските медиуми, 31 годишна Австријка продавала торти во голема количина во Горна Австрија.

Оваа жена со мигрантско потекло тоа го правела благодарение на социјалните мрежи преку кои наоѓала муштерии и досега продала речиси 1000 торти и заработила преку 70.000 евра, а што е најинтересно од почетокот на 2022 година постојано примала социјална помош за невработени и итна помош од државата.

„Ваквите случаи не се безначајни прекршоци и нанесуваат голема штета на принципите на чесната и фер економија и општество засновано на солидарност“, вели министерот за финансии и додаде дека нивниот рецеот против ваквите измами е едноставен – да се открие, казни и обесхрабри.

Маркетинг

„На тој начин ја осигуруваме праведноста и довербата во нашата економија, но и ги штитиме правата на фирмите, во овој случај слаткари“, додаде за случајот министерот за финансии.

Маркетинг
Фото: Пекселс

Како што пренесуваат медиумите, службениците на финансиската полиција дознале за случајот откако профилот на жената на социјалните мрежи што таа го користела за продажба на тортите бил пријавен.

Таа таму објавила преку 800 фотографии со кои ги рекламирала своите торти и на тој начин ги пронаоѓала своите клиенти.

Таа за една торта наплаќала по 90 евра, а истовремено оваа жена незаконски примила речиси 17.000 евра за невработени.

По нејзиното откривање поднесена е пријава до АМС за поврат не неоснована примена помош, а покрај ова оваа илегална „слаткарка“ е пријавена и во државното обвинителство заради измама и во даночната управа заради не плаќање на данок од продадените торти.

Фото: Пекселс

Таа сега може да се соочи со висока казна и ќе мора да ги врати парите што ги добивала во изминативе две години.

Што се случува кај нас со страниците што продаваат торти и слични производи преку социјалните мрежи

Минатата година, директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова во интервју за порталот Република најави дека производството на торти и колачи во домашни услови, изработката на накит, поставувањето кафемати, како и онлајн шопингот ќе се оданочуваат паушално.

Производството на торти и колачи во домашни услови, изработката на накит, поставувањето кафемати, како и онлајн шопингот ќе се оданочуваат паушално, најави директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова во интервју за Република.

Пред да се воведе данокот, Петрова вели дека ќе се оди со информирање на даночните обврзници.

„За овие дејности има законски начин на оданочување, односно т.н. паушално оданочување на дејности од времен карактер. Но, очигледно затаиле некои механизми штом има толку многу неоданочени даночни обврзници. Прво ќе се оди кон информирање на даночните обврзници и нивните обврски. Паушалот ќе биде различен, ќе се прават пресметки, во зависност од местото каде што се врши дејноста, бројот на часови, односно сразмерно на приходите што може да се остварат од вршењето на дејноста“ изјави тогаш Петрова.

Директорката на УЈП тогаш најави и дека ќе оданочуваат и сите што продаваат производи преку Фејсбук и Инстаграм, посебно откако сивата економија од пазарите и улиците се префрлија на интернет, така што и оваа област бара засилен фокус на УЈП преку информирање кои се нивните законски обврски а потоа и контроли.

„Како едно среднорочно решение за онлајн трговијата е планирано во рамките на системот за е-фактура да бидат приклучени сите тие продавачи преку законска обврска. Документите што ќе се издаваат за еден таков реализиран промет да бидат фискализирани, што значи дека пред да бидат издадени на купувачот да поминат низ системот на УЈП“ изјави тогаш Петрова за „Република“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button