Реклама
Бизнис

Купувањето на „Тему“ поевтино и од „пластичарска“?! Екстремно ниските цени сите ги изненадија

Ова е тајната на ниските цени на „Тему“

Реклама

Популарната интернет платформа за е-трговија „Тему“ за само две години се наметна како клучен фактор на глобалниот пазар.

И оваа платформа која од ден во ден станува сé попопуларна и кај нас и меѓу нашите потрошувачи е глобален феномен, за што кажуваат и следните бројки. Имено, според статистиките „Тему“ 2024 година ја заврши со речиси 100 милиони корисници во цела Европа, од кои 1.6 милиони во Германија, 12 милиони во Франција, 10 милиони во Италија и 9.6 милиони во Полска.

И сето тоа оваа кинеска платформа за интернет трговија го постигна за само две години, што е навистина огромен успех.

Маркетинг

Тоа секако е резултат на максимално ниските цени, кои според коментарите на оние што досега нешто порачале се многу пониски дури и од оние во продавниците на популарната „пластичарска“ улица.

Маркетинг
Принтскрин/ Тему

И речиси веќе да нема граѓанин во нашата земја кој нешто не порачал од оваа продавница или кој не познава некого што порачал нешто и е презадоволен. Впрочем за тоа зборуваат и бројните коментари што можат да се прочитаат на социјалните мрежи, а групата „Тему Македонија, искуства и препораки“ на Фејсбук брои речиси 40.000 корисници кои секојдневно ги разменуваат своите искуства поврзани со оваа ултра-евтина платформа за трговија.

Но како што пишува „The Conversation“ според многумина „Тему“ овие екстремно ниски цени ги постигнува со тоа што производите не им се со проверен квалитет, потоа со агресивен маркетинг, но и лажни трговски тактики и измама на корисниците.

Но, дали навистина е така?

Имено, и покрај скептицизмот во поглед на неговата одржливост на подолг рок, што може да се прочита и во бројни економски магазини кои пишуваат за кинеската економија, вистината е дека „Тему“ продолжува силно да вложува во огласувањето, но и во продорот на пазарот на интернет трговијата во кој ниту еден друг актер не направил значаен напредок во последните десетина години.

Па така додека и „АлиЕкспрес“ и модниот гигант „Шејн“ го нарушија западниот пазар со слични ценовни стратегии, досега на ниту една од овие компании не им успеа да го надминат „Амазон“, нешто што до скоро се сметаше за невозможно во интернет трговијата, секако се до појавата на феноменот за кој сите зборуваат.

Принтскрин/ Тему

„Тему“ и ниските цени – за Истокот ништо ново!

Политиката со ниски цени не е револуционерна во Кина, за разлика од многу земји во кои „Тему“ неверојатно брзо се шири.

Платформата го следи деловниот модел на својата матична компанија Пиндуоду (PDD Holdings) која го отвари „Тему“ во Бостон во 2022 година, а како меѓународна подружница на оваа компанија ги преставува амбициите на Кина од светска фабрика да се претвори во светска продавница, така што ниските цени не се никаква привремена тактика, туку основата во долгогодишната стратегија на „Тему“.

Принтскрин/ Тему

Поевтин од „пластичарска“, ама и од Амазон?

Во рок од само две години „Тему“ собра преку 200.000 трговци на својата платформа и дојде до четири милини пакети дневно од 60 магацини во Кина и привлече речиси половина милијарда корисници ширум светот на кои им нуди производи кои се од 40 до 60 % поевтини од Амазон.

Тајната на успехот се крие и во – маркетингот!

И за да ја зголеми својата база на потрошувачи и за да ја постигне критичната маса која му е потребна за да биде одржлив во САД и Европа, „Тему“ вложува големи средства во субвенции на производите, а истовремено и во агресивно интернет огласување со значајно вложување во огласите на социјалните мрежи на платформите како што се „ТикТок“, „Инстаграм“ и „Снепчет“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button