Реклама
Новости

Мајката на 13 дете на Илон Маск го тужи милијардерот, бара алиментација и признавање на синот – „сакаше да направи со мене војска со деца“

Писателката тврди дека милијардерот никогаш не побарал таа да му испрати фотографии од момчето и на кој било начин не учествува во неговото воспитување.

Реклама

Писателката за деца Ешли Сент Клер, која неодамна тврдеше дека добила дете со Илон Маск, се обрати на суд за да се утврди татковството и следствено на тоа да добие алиментација.

Како што пишува „Њујорк пост“, повикувајќи се на судски документи, Ешли „сака да го тужи Илон Маск за да биде јавно признаен како татко на нејзиното дете и да добие единствено старателство над нејзиниот петмесечен син“. Така, стана познато и дека 13-то дете на основачот на Space X е машко дете.

фото – принтскрин Инстаграм

Сент Клер изјави за американските медиуми дека нејзиниот син со бизнисменот бил зачнат во јануари 2024 година на островот Сент Бартс.

Маркетинг

Според писателката, Илон Маск веќе неколку пати го сретнал своето најмало дете. Како доказ таа му доставила на судот фотографија од бизнисменот како го држи својот син во раце и извадоци од бројните преписки со него (во пораките Маск пишува дека тој и Ешли треба да „направат легија од деца“).

Таа истакна и дека милијардерот никогаш не побарал да му испрати фотографии од момчето и на кој било начин не учествува во неговото воспитување.

Маркетинг

Сент Клер (26) планира судот да му наложи на Маск (53) да направи ДНК тест.

Адвокатите на младата писателка за децаобјаснуваат дека таа одлучила да го поднесе барањето за да ги „заштити интересите на своето дете“ и да ја одобри постапката за плаќање алиментација.

Илон Маск се уште не ја коментирал оваа ситуација.

Потсетуваме дека Илон Маск постојано отворено изјавува дека луѓето треба да имаат повеќе деца за да се изборат против намалувањето на наталитетот. Самиот претприемач веќе стана татко 13 пати (сепак, неговото првороденче почина во детството од синдром на ненадејна смрт на доенчиња). Во исто време, јавноста има многу контрадикторни мислења за тоа дали тој е добар татко или не.

Од една страна, Илон понекогаш може да се виде во јавноста со својот син Икс од пејачката Грајмс, па изгледа дека е многу близок со момчето. Од друга страна, Грајмс неодамна откри дека уште еден нејзин син од Илон има тешка болест, но Маск го игнорира тоа и не сака да контактира со неа.

Претходно гламур.мк пишуваше за јавното обраќање на пејачката Грајмс кон милијардерот, тврдејќи дека нејзиниот син со Илон Маск има тешка болест и инвалидитет. Според уметницата, ситуацијата може да се влоши ако тој не стапи во контакт и не разговара за проблемот со неа.

фото-Инстаграм Грајмс

Грајмс имено напиша серија објави на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер), која е инаку платформа во сопственост на самиот Маск.

„Жал ми е што морам да го правам ова јавно, но оваа ситуација повеќе не може да се игнорира и бара итно внимание. Ако не зборуваш со мене самиот ти, те молам назначи или најми некој да го заземе твоето место за да можеме да го решиме ова прашање. Ова е важно, Илон”, јавно му се обратил Грајмс на Маск.

Грајмс рече дека ќе биде принудена да ја вклучи јавноста ако ситуацијата не се промени наскоро. Досега, според неа, Маск не сака да комуницира со неа: не одговара на повици, пораки, мејлови и не доаѓа на состаноци. Целиот текст може да го прочитате – ТУКА.

Пред ова јавно обраќање на Грајмс, во јавноста се појави таткото на Маск кој пак тврди дека милијардерот е виновен за смртта на неговото првороденче. Таткото на Маск, кој не е во добри односи со синот, тврди дека Илон не се грижел за детето туку грижата ја оставал на дадилки.

Случајот со писателката за деца Ешли Сент Клер е трет во серијата случаи во последниве десетина дена кои тврдат дека Маск сака да „прави“ деца, но не и да се грижи за нив.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button