Пејачката се појави во тесното фустанче и веднаш сите ги фасцинираше – ова е тајната на нејзиниот изглед
Гавазова направи уште еден спектакл...

Нашата позната пејачка Сузана Гавазова со ова видео уште еднаш покажа зошто важи за една од најбараните пејачки кај нас.
Имено, Гавазова имаше настап овој викенд на една приватна прослава, па на Инстаграм покажа како сето тоа изгледа.
И додека гостите уживаа во музиката и играа оро, пејачката не застана и со својот енергичен настап направи одлична атмосфера.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Но покрај нејзиниот глас, Гавазова ги воодушеви сите и со својот изглед со кој и овој пат никого не остави рамнодушен.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа за оваа пригода избра тесен црн фустан кој совршено ја следи линијата на нејзиното беспрекорно тело.
Фустанот и покрај тоа што беше со должина до колена и со долги ракави, заради длабокото деколте, но и заради начинот на кој пејачката го носеше, таа во него изгледаше максимално заводливо.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Посебно со модните детали како впечатливата огрлица и гламурозните сандали со штикли кои совршено се вклопија во целото издание.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Кулминацијата беше кога пејачката заигра, па изведувајќи движења со своето беспрекорно тело никого не остави рамнодушен.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Комплименти на сметка на нејзиниот изглед не изостанаа и овој пат, а пејачката во една пригода откри како ја одржува линијата.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Имено, таа неколку пати во интервјуа за Гламур магазин има потврдено дека за нејзиниот добар изглед допринесуваат и нејзините бројни обврски, односно тоа што постојано е активна и што спортува, но и здравата исхрана како и животот без стрес и нервози, што исто така е многу важно за неа.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
На прашањето колку често оди во теретана и дали всушност во вежбањето се крие и тајната на нејзината линија, таа вели:
„Откако знам за себе сум активна на тоа поле и така се одржувам. Најчесто пешачам во планина и правам основни вежби“, откри Гавазова во едно интервју за Гламур (види тука), додавајќи дека покрај вежбањето и активностите во природа, тајната е и во здравата исхрана, но и во добрата и позитивна мисла.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Целото интервју со Гавазова прочитајте го тука...