Реклама
Наши ѕвездиСтил

Калиопи предизвика овации со изгледот, цело Скопје воодушевено, изгледаше како МИЛИОН ДОЛАРИ

Што и да облече, оваа дама знае како да заблеска во полн сјај и тоа секогаш го прави максимално опуштено...

Реклама

Нашата најголема музичка дива Калиопи Букле уште еднаш покажа зошто важи за една од омилените изведувачи и тоа не само во Македонија, туку и многу пошироко, во сите земји од поранешна Југославија.

Таа веќе со години е присутна на нашата музичка сцена, па годинава на „Златна бубамара на популарноста“ потполно заслужено си доби три награди – за албум, концерт и пејачката на годината.

И потполно во нејзин стил, полна со љубов и емоции, Калиопи наградите им ги посвети на поранешниот сопруг, Ромео Грил, за кого вели дека веќе со години ја одржува во живот, но и на публиката без која немаше да биде ништо од концертот на годината, како и на нивните срца на кои исто така им ја подари една од овие награди.

Маркетинг

Инстаграм/ Калиопи Букле

Таа потоа изведе неколку песни и ја крена публиката на нозе, а она што исто така ги воодушеви сите беше и нејзиниот стајлинг.

Маркетинг
@macedonian_girl_19

#kaliopi #live #makedonija #makedonijatiktok #balkan #balkantiktok #foryou #goviral #europe #fyp #skopje #explore #foryoupage #music

♬ original sound – ☆MACEDONIAN GIRL☆ – ☆MACEDONIAN GIRL☆

Имено, Калиопи за оваа пригода избра панталони и сако во кои изгледаше како вистинска дива и блесна на сцената.

Под сакото носеше црна блуска и впечатлива сребрена огрлица, а целото издание го заокружи со елегантни црни чевли.

Инстаграм/ Калиопи Букле

Пејачката за ова свое издание доби бројни комплименти, па во публиката можеа да се слушнат коментари дека изгледа прекрасно.

И како и секогаш, Калиопи и овој пат на сцената се појави со минимална шминка, па во преден план беше нејзиниот природен шарм.

Инстаграм/ Калиопи Букле

И во врска со нејзиниот природен изглед, но и тоа што е една од ретките ѕвезди кои често можеме да ги видиме и без шминка на лицето, ако не и многу почесто отколку со шминка, Калиопи вели:

„Веројатно поради мојата преокупираност со нештата кои за мене, се од посуштинско значение, не размислувам многу на оваа тема. За мене, барем досега, најважен еликсир на младоста биле активноста, креативноста и радоста кои истите ја будат во мене“.

Инстаграм/ Калиопи Букле

Возбудата е таа што ме подмладува. Мојот силен дух. Не сум против оние кои се одлучуваат за естетски корекции, тоа е право на личен избор. Но јас преферирам природност и природно стареење, изјави Калиопи неодамна во интервју за Гламур магазин.

Целото интервју со Калиопи прочитајте го тука

@kaliopi_official

Магична ноќ во Арена “Борис Трајковски”… Thank you @zlatnabubamara ❤️ #Kaliopi #kaliopimusic #singer #album #song #love #fypp #fypシ゚ #forupage #koferljubavi #foryoupage❤️❤️ #live #balkantiktok #balkan #zlatnabubamara

♬ original sound – Kaliopi – Kaliopi

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button