Реклама
Наши ѕвезди

Гавазова со ова ги воодушеви своите фанови – згодна Македонка со тело што остава без здив (фото)

Пејачката реши да им го разубави денот на своите фанови

Реклама

Пејачката објави нова провокативна фотографија

Сузана Гавазова веќе со години важи за една од нашите најпознати фолк- пејачки, но полека, но сигурно станува и една од најпопуларните Македонки на социјалните мрежи, посебно со ваквите објави.

И додека едни со задоволство ги слушаат нејзините песни, други со уште поголем мерак ги следат нејзините објави на Инстаграм.

Маркетинг

Посебно кога Гавазова ќе реши да се „излуфтира“, па ќе закачи некоја фотка на која е во едно вакво „опуштено“ издание.

Маркетинг
Инстаграм/ Сузана Гавазова

Имено, таа неодамна се врати од одмор во Мексико, па очигледно дека песочните плажи од ова место не се забораваат така лесно.

Па таа сега повторно се потсети на ова егзотично место со фотографија со која пејачката многумина остави без здив.

Инстаграм/ Сузана Гавазова

Таа позираше на плажата, а нејзината тенка половина и раскошни облини покриени само со сончеви зраци и костимот за капење ги воодушевија сите и никого не оставија рамнодушен.

Впрочем тоа може да се заклучи и по бројот на лајкови и коментари што ги добива под секое свое вакво издание, што очигледно и годи на пејачката, но и на сите што го следат нејзиниот профил.

Инстаграм/ Сузана Гавазова

Веруваме дека многумина се нестрпливи повторно да ја видат во вакво издание, но и дека пејачката наскоро повторно ќе ги изненади.

Потсетуваме, Гавазова во една пригода откри во што е „тајната“ на нејзиното вито тело, истакнувајќи дека својата форма најмногу ја одржува со тоа што постојано е активна, но и дека мора да има енергија и да биде во топ форма заради настапите.

Инстаграм/ Сузана Гавазова

„Моите настапи бараат доста енергија и јас на моите настапи се давам целосно, но ако имам добра публика тогаш воопшто не чувствувам замор. Некогаш не можам да поверувам колку можам и колку имам енергија и сила, но мислам дека таа енергија ми ја дава публиката назад, така да можам секој ден да пеам месец дена и да не осетам умор, нормално ако пазам на исхрана и сепак да спијам барем 6 часови на ден“, истакна Гавазова во една пригода за Гламур (види тука), па го додаде и следново во врска со својот физички изглед.

„Е токму затоа изгледам подобро, затоа што сум мајка и тоа доста активна. Најубавото нешто што може да и се случи на една жена е да стане мајка. Сум кажала многу пати, не кријам, тајната е во исхраната, добрата и позитивна мисла и секако активности во природа“, изјави Гавазова додавајќи дека го обожава летото, но секако и позирањето во своите омилени костими за капење.

Целото интервју со неа прочитајте го тука

Бонус видео

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button