Реклама
Наши ѕвезди

Еве како Анета се преполови, но и како изгледа во 100 % природно издание, БЕЗ ГРАМ шминка (фото)

Нема да ја препознаете во ова необично издание – Анета Љумаковска без шминка на своето лице

Реклама

Таа е една од ретките пејачки кои без никаков проблем можат да се појават без грам шминка на лицето и да се сликаат во вакво издание.

Станува збор за пејачката Анета Љумаковска која иако годинава полни 41. години се уште важи за една од најубавите пејачки.

На неа годините очигледно не и преставуваат никаков проблем, па и денес без никаков проблем се слика без грам шминка.

Маркетинг

Повеќе од две децении беше во брак со музичарот Џими Мицевски, со кого беа заедно дел од групата „Молика“, а откако се разведе ја продолжи својата музичка кариера самостојно, но и со групата „Дакапо бенд“ со која таа сега настапува постојано.

Маркетинг
Фејсбук/ Анета Љумаковска

Таа деновиве со момците од оваа група им направија одлична забава на нашите иселеници во Швајцарија, па им се заблагодари на организаторите преку социјалните мрежи објавувајќи и неколку фотографии од гостувањето, а на некои од нив пејачката ги изненади сите бидејќи позираше без шминка на лицето.

Фејсбук/ Анета Љумаковска

Ова секако не е прв пат пејачката да позира во вакво издание, но и пријатно да ги изненади сите со својот природен изглед.

Фејсбук/ Анета Љумаковска

Таа покажа дека не е изморена и покрај долгиот пат, но и напорниот викенд што го имаше, додека многу нејзини следбеници на социјалните мрежи коментираат дека изгледа убаво како со шминка, така и без неа.

Фејсбук/ Анета Љумаковска

Потсетуваме, Анета во последните неколку месеци изгледа значително послабо, па во една пригода откри како дошло до намалување на килограмите и дали практикува некоја посебна исхрана.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

„Искрено цел живот испитувам, испробувам за да ја пронајдам правилната исхрана што мене ми одговара и конечно после толку години ја пронајдов. Мое мислење е дека секој човек треба сам да си биде нутриционист, бидејќи никој не ни го познава телото подобро од нас самите“, изјави Анета во една пригода за Гламур магазин, додавајќи дека како јавна личност секако дека внимава на својот изглед, бидејќи сцената од неа тоа го бара, но и дека секогаш настојува да изгледа убаво, впечатливо и с*кси, но сепак пристојно и културно.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Целото интервју со неа прочитајте го тука

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button