Реклама
MAMAКариера

Најубавата полицајка ја победи тешката болест – Даниела по трансплантацијата на коскена срж ја раскажува својата борба, „сега знам кои се навистина важни нешта во мојот живот“

„Бев многу здрава жена, но оваа состојба одеднаш се активира и почна брзо да напредува. Третманите не помагаа, а телото почна да ги одбива сите терапии. Единствената надеж ми беше трансплантација на коскена срж“.

Реклама

Даниела Гавирија, 30-годишна сообраќајна полицајка од Колумбија, ја освои јавноста со својата убавина и харизма, но малкумина знаеја дека зад нејзината насмевка се крие голема здравствена битка.

Во 2022 година, таа стана вирален хит кога на интернет се појави видео со наслов „Најубавата полицајка во светот“, на кое е прикажана како грациозно чекори по тротоар.

 

Маркетинг
View this post on Instagram

 

A post shared by Daniela Gaviria (@dany06g)

Маркетинг

Илјадници луѓе ја препознаваа на улица и бараа да се фотографираат со неа, но во исто време, Даниела водеше тешка борба со склеродермија – ретка ревматска болест што ја зацврстува и задебелува кожата, а може да ги зафати и внатрешните органи.

„Бев многу здрава жена, но оваа состојба одеднаш се активира и почна брзо да напредува. Третманите не помагаа, а телото почна да ги одбива сите терапии. Единствената надеж ми беше трансплантација на коскена срж“, раскажува Гавирија во интервју за американските медиуми.

фото Инстаграм

Симптомите ја менуваа не само нејзината кожа, туку и секојдневниот живот. Крвните садови ѝ се стеснувале, што предизвикувало нејзините раце да станат виолетови, како да страда од хипотермија. Секој стрес или промена на температурата дополнително ја влошувале состојбата.

На 5 декември 2022 година, Даниела отпатувала во Кали (трет по големина град во Колумбија) за да направи трансплантацијата.

фото Инстаграм

„Повеќе од еден месец поминав во стерилна соба со фиксна температура од 15°C, борејќи се со несигурноста и стравот од непознатото“ – објаснува убавата полицајка.

Но, нејзиниот лекар бил зачуден од резултатите, нарекувајќи го нејзиното опоравување „најбрзо посттрансплантациско заздравување“ што го видел.

Иако трансплантацијата не е лек за склеродермијата, таа ѝ даде шанса за подобар и поквалитетен живот. Сепак, Гавирија морала да се помири со фактот дека веќе не може да ја продолжи кариерата како сообраќаен полицаец – професија што ја наследила од мајка ѝ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniela Gaviria (@dany06g)

„Бев благословена што добив пензија, иако не очекував толку рано да се случи тоа“, вели таа.

Даниела е мајка на две деца, а болеста, вели, ја научила Даниела на една важна лекција за животот.

фото Инстаграм

„Порано мислев дека е важно да бидам опкружена со многу луѓе. Но, сфатив дека вистинската среќа е во мирот, а не во совршенството. Сега знам кои се навистина важни нешта во мојот живот.“

Даниела со двете деца

Со нова перспектива, сила и благодарност за вториот живот што го добила, Даниела Гавирија продолжува да инспирира илјадници луѓе ширум светот.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button