Реклама
Наши ѕвезди

Нашата позната фолк-пејачка го покажа својот дом – романтичната атмосфера сите ги изненади

На масата винце, свеќи, јадење...

Реклама

Познатата пејачка ја покажа романтичната атмосфера во својот дом

Таа важи за една од најатрактивните пејачки на нашата сцена, но истовремено и за жена која е сон на многу мажи.

Згодна и успешна, плени каде и да се појави, а колегите за неа велат дека има лавовско срце и дека е одлична другарка.

Маркетинг

Но иако на сцената е максимално опуштена, за својот приватен живот ретко зборува, а неодамна во интервју за Гламур откри дека се чувствува најубаво кога е духовно исполнета, но и дека за неа среќа е љубовта, но и сето она што и создава насмевка на лицето.

Маркетинг

Да, станува збор за пејачката Адријана Ацевска која е позната и како Адријана Кеш и која речиси две децении е на нашата сцена.

Таа сега на својот Инстаграм профил го покажа својот стан во кој живее, но ги изненади сите и со пораката.

Имено, Адријана напиша дека е на „рандеву“, што можеше да се види и од двете чаши со вино, но не откри со кого.

Па, дали Адријана влегува во нова емотивна фаза во животот или нешто друго е во прашање, се надеваме дека наскоро ќе дознаеме.

Посебно откако еден ден подоцна Адријана ја сподели следната порака, со која откри на какво „подесување“ е во моментот.

„Доаѓате дома, варите кафе, седнувате на фотелјата, а наоколу тишина. И секој избира сам што е тоа – самотија или слобода“, пишува во пораката што популарната пејачка ја сподели на Инстаграм.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button