Благоја постојано е опкружен со најубавите жени, но ќе се изненадите што вели пејачот за некои од нив
Беше најголем заводник на нашите простори, но денес семејството и сопругата му се на прво место

Публиката го обожава неговиот глас и песни, а заради својот изглед од самиот почеток на кариерата им е миленик на многу дами.
Благоја Грујовски од самиот почеток на својата кариера важи за голем заводник, а неговиот шарм има освоено многу жени.
Тој и денес се една од најголемите музички ѕвезди кај нас, но и човек со шарм кој им е слабост на претставничките на понежниот пол.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Но Благоја е семеен човек, на кого сопругата и нивниот син секогаш му се на прво место, и тоа тој никогаш не го криел.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Имено, тој има и син од претходниот брак со водителката Татјана Стојановска, но тој веќе е голем и самиот се грижи за себе.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
И како што самит Благој откри во една пригода за Гламур, за разлика од постариот син кој веќе е самостоен, помалиот е во специфични тинејџерски години и посебно му посветува внимание.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Што се однесува пак до неговата сопруга и колку таа е љубоморна или има разбирање за неговата професија, посебно што Благоја постојано е опкружен со убави жени, пејачот вели дека таа му е најголема поддршка, но и дека колешките ги чувствува како сестри.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
„Па не, не е љубоморна. Јас сум опкружен со жени постојано и тие се од мојот многу близок, близок круг. Тоа се жени мои колешки од естрадата, со нив егзистирам, со нив работам и со нив живееме, тоа се мои сестри, и Ирена повеќето ги познава“, вели Благоја додавајќи дека отсекогаш се трудел да биде најдобар сопруг и татко што може да биде.
„Сега барем во овие години сум прибран и одговорен и се грижам за фамилијата, за домот за децата“ изјави пејачот.
Целото интервју со Благоја прочитајте го тука...