Наши ѕвездиСтил

Цаци од Сител ретко ја гледаме во вакво издание – изгледа беспрекорно, овој детаљ сите го забележаа

Комбинација на неделата...

Advertisement

Иако не е премногу активна на социјалните мрежи, нејзините објави секогаш привлекуваат големо внимание

Водителката Славица Арсова важи за една од омилените, но и најпознатите лица од малите екрани во нашата земја.

Advertisement

Но додека на телевизија Цаци секогаш ја гледаме средена од глава до пети, и тоа најчесто во елегантни варијанти, на нејзиниот профил на Инстаграм, често ја гледаме и во кежуал стил.

Принтскрин/ Јутуб, Сител

Имено, таа иако не е премногу активна на социјалните мрежи, секогаш кога ќе објави фотографија предизвикува големо внимание.

Advertisement

Така беше и овој пат кога Цаци со ова свое издание воодушеви многумина, а кое денес ни е во фокусот.

И тоа само од една причина – заради одличниот избор на деталите така што имаме топ комбинација за „позајмување“.

Инстаграм/ Славица Арсова

Посебно во преодниот период од годината што е пред нас, кога исто така може да заблескаме во полн сјај.

Инстаграм/ Славица Арсова

Цаци за оваа пригода избра тесни црни панталони, бела кошула со карнери и црно сако со златни копчиња кои потполно се усогласија со малата црна чантичка украсена со златни детали меѓу кои и златно катанче.

Но она што посебно ни привлече внимание во ова издание беа рамните црни чизмички, но и начинот на кој ги носеше. Станува збор за кожени чизми до глужд, кои се совршен избор на обувки, но треба да се носат со внимание, посебно со тесни панталони.

Инстаграм/ Славица Арсова

Цаци ги носеше така што панталоните беа сместени во нив, без никакви набори и грдо собирање на материјалот.  И кога сме веќе кај деталите, и очилата за сонце што ги носеше на главата, како и високата пунџа беа полн погодок за ова ноншалантно дневно издание со кое водителката покажа дека има истенчен вкус за мода.

Во продолжение погледнете уште неколку изданија со црни чизми до глужд кои се совршен избор за преодниот период од годината.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button