Реклама
Наши ѕвезди

Мама се огласи од болница, сите ги разнежи: Муса објави фотографија со бебето – ова е малиот Максим

Прва фотографија од Едина по породувањето и бебето

Реклама

Среќната вест сега ја потврди и таа самата, а објави и една фотографија од болницата на која е со својот наследник.

Поранешната кошаркарка Едина Муса се породи, па сега се огласи и соопшти дека се поминало во ред и дека се добро.

„Дечки фала ви за честитките, со Максим сме супер фала му на Бога. Фала ви на сите што одвоивте време да ми пишете/ јавите. Ми значи“, напиша новопечената мама и додаде едно срценце.

Маркетинг

Инстаграм/ Едина Муса

На фотографијата таа лежи со своето бебенце во прегратки, а лицето му го покри со едно црвено срце.

Маркетинг

Инстаграм/ Едина Муса

Потсетуваме, Едина малиот Максим го доби со поранешниот кошаркар Александар Димитровски Мачка.

Инстаграм/ Едина Муса

Тие во ноември месец минатата година запловија во брачните води, а Едина веќе беше со трудничко стомаче.

Инстаграм/ Едина Муса

Но бидејќи таа за цело време на бременоста беше активна и редовно вежбаше, остана во топ форма, а фотографиите и снимките што ги објавуваше на социјалните мрежи од тренинзите инспирираа многу идни мајки кои имаат лесна бременост, без компликации, да бидат активни трудници.

Тоа секако позитивно се одрази на целата нејзина бременост, па Едина речиси до последен ден одеше во теретана.

Инстаграм/ Едина Муса

Потсетуваме, Едина и Мачка уште на почетокот од бременоста, кога открија дека носи машко дете, решија да му го дадат името Максим. Станува збор за православно име со преубаво значење (види тука), а Едина неколку пати го спомнуваше во своите објави.

Инстаграм/ Едина Муса

Инаку, ова е нејзино прво дете, додека нејзиниот сопруг Мачка има ќерка и син и од претходниот брак со Тамара Тодевска.

Инстаграм/ Едина Муса

Во каков однос е Мачка со своите деца, но и со поранешната сопруга, може да прочитате тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button