Нашата пејачка се преполови и сега не престанува со изненадувањата – Македонците воодушевени!
Нашата публика ја обожава оваа жена, а тоа можевме да го видиме и од нејзиниот настап во Швајцарија.

Многу жени го коментираат ова нејзино издание…
Познатата фолк-пејачка Анета Љумаковска овој викенд имаше настап пред нашите иселеници од Швајцарија.
Таа заедно со момците од групата „Дакапо бенд“ направи забава за паметење, а сите ги изненади и со своето издание.
Имено, Анета за ова пригода избра црн сако-фустан кој беше поприлично кус, па во преден план беа нејзините нозе.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Таа го носеше со црни хулахопки и црни високи потпетици, а целото издание го зачини со својата разиграна фризура.
На сцената излезе видно расположена и спремна за забава, а публиката веднаш ја крена на нозе и сите уживаа во настанот.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Анета потоа сподели на Инстаграм и неколку снимки од нејзиниот настап, а многу жени беа воодушевени од нејзиниот изглед.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Следуваа бројни лајкови и позитивни коментари како и само еден ден претходно кога ги воодушеви сите со уште едно издание.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Станува збор за нејзината лежерна комбинација со која се сликаше на аеродромот, откривајќи дека приватно сака да изгледа „кежуал“ и дека не сака премногу да експериментира со модните трендови.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Таа носеше црни панталони, беж блиска со ролка јака и црн капут, додека на нозете носеше рамни црни чизми.
Повеќе и за ова нејзино издание прочитајте тука…