Реклама
Бизнис

Наместо во контејнер, однесете ги на ова место – ќе се изненадите колку пари може да добиете за нив

Еве колку може да се заработи од продажба на стари електрични уреди и кабли

Реклама

Некои добро заработуваат од ова?

Старите електрични апарати и кабли најчесто ги фрламе во контејнер, но дали сте знаеле дека тие содржат вредни метали?

Имено, тие во себе содржат метали како бакар и алуминиум, па со поголема количина на овој отпад може и да се заработи.

Маркетинг

Па така доколку одредени апарати за домаќинство, паметни телефони или стари компјутери ви се расипале и повеќе не ви требаат, може да ги оставите на специјалните места за собирање на ваков отпад.

Но малкумина знаат дека овој отпад има и одредена вредност, посебно каблите, па оние што ќе соберат поголема количина ќе заработат.

Маркетинг
Фото: Гламур

Колку може да се заработи?

Килограм бакар на пазарот може да достигне цена и до 7 евра, додека алуминиумот и оловото околу 1 евро по килограм.

Овие цени варираат во зависност од откупниот центар за рециклажа, но и од тоа во каква состојбата е самиот метал.

Инаку, поголеми количини на ваков отпад се акумулираат за време на поголеми реновирања како што е замена на инсталација.

Како што советуваат оние што се занимаваат со ова дејност, најдобро е соседите да бидат здружени, па заедно да ги решат проблемот со ваков вид отпад. Тоа воедно може да биде корисно од две причини – повеќе домаќинства можат да се решат од непотребни работи во исто време, а во заедничкото и организирано собирање и носење можат да се постигнат и подобри услови во откупните центри.

Фото: Гламур

Што да правите ако не може да го продадете отпадот?

Во случај да не ви се исплаќа да го продавате ваквиот отпад или нема трговци кои го откупуваат во близина, не фрлајте го во ѓубре.

Каблите и електричните уреди можат да се предадат на места кои се наменети за тоа, а информациите за нив треба да се достапни се на службените страници на локалните комунални служби.

И не заборавајте – рециклирање на електричен отпад не само што е еколошки одговорна пракса, туку може и финансиски да биде исплатлива, посебно ако станува збор за поголеми количини.

Па затоа, наместо да фрлате, размислете за тоа на кого и како можете да им го продолжете животот на овие стари уреди?

Извор: Феникс магазин/Гламур

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button