Наша позната пејачка не може да ги сопре солзите – трогателно видео, плаче и пее во исто време
Емотивно, плачеше пред камерите
![](/wp-content/uploads/2025/02/nakovska11.jpg)
Пејачката си ја отвори душата пред фановите и откри што е она што ја мачи, а во еден момент и запеа со солзи на очите.
Пејачката Анета Наковска сподели видео од својот дом во кој со потресни зборови зборува за состојбата во Македонија.
Наковска која веќе со години живее во Америка, а која беше една од најпознатите фолк-пејачки во нашата земја, често ги споделува и своите политички и општествени ставови на социјалните мрежи.
Принтскрин/ Инстаграм. А. Наковска
Но таа овој пат сподели едно видео кое сама го сними во својата соба, а во кое во еден момент се расплака додека зборуваше.
Принтскрин/ Инстаграм. А. Наковска
Таа во видеото зборуваше за вистинските македонски патриоти, за нивната голема жртва која за жал и денес се случува, но и за ситуацијата што е во Македонија, повикувајќи да бидеме сплотени.
Принтскрин/ Инстаграм. А. Наковска
Принтскрин/ Инстаграм. А. Наковска
И како што самата вели во видеото, понекогаш кога ќе ги запее стиховите од Васа Илиева за Јане Сандански, знае и да заплаче.
Принтскрин/ Инстаграм. А. Наковска
Оваа болка што ја чувствувам, мора да ја споделам со сите вас, мои пријатели, кои пред се ги имаат истите мои ставови и размислувања“, вели Наковска на самиот почеток од нејзиното емотивно обраќање.
„Не со години наназад, со векови наназад историјата се повторува… Каква страдалничка Македонија, постојано ги губи најхрабрите синови кои што беа вистински родољуби. Еден по еден тие заминуваат“ вели пејачката додавајќи дека сето тоа многу силно се чувствува последниве години.
„Не знам што ќе беше оваа колнатија, меѓутоа јас не можам да се помирам и да живеам со тоа“, вели пејачката.
Принтскрин/ Инстаграм. А. Наковска
„Мора нешто да преземеме, мора нешто да сториме. Македонски народе мора да се обединиме. И да ставиме крај. Мора да се сплотиме, нема друго чаре. Гледате како ни заминуваат патриотите, јунаците, вистинските родољуби македонски“, вели Наковска, па продолжува со својот говор со растреперен глас:
„Ја слушам Васка Илиева, и се изнаплакав, на оние зборови познати од песната кога падна на Пирина Јане ранет јунак Сандански“.
„Пред да испушти последен здив, тој вели, ‘Мајко Македонија, други да раѓаш да те ослободат’“, ги испеа Анета вие стихови од песната за Сандански со солзи на очите истакнувајќи дека секогаш ја расплакува овој момент од познатата песна.
Принтскрин/ Инстаграм. А. Наковска
„Многу ми паѓа тешко. Зошто тоа ни се случува и зошто ние дозволуваме тоа да ни се случува? Зошто сме толку немоќни , зошто не можеме да ја покажеме нашата љубов?.. Само ако се сплотиме и обединиме, Македонци мои , само заедно ќе успееме нешто да сториме“, заклучува пејачката на крајот од овој свој емотивен говор што имаше потреба да го сподели.
Целиот емотивен говор на Анета погледнете го во продолжение или на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм.