Беше весело во домот на нашата пејачка во Австралија – пристигнуваат честитки, Татјана блеска од среќа
Познатата македонска фолк-пејачка јубилејниот роденден го прослави со интересна фризура која брише минимум десетина години од нејзиното лице
![](/wp-content/uploads/2025/02/tatjana-780x470.jpg)
Познатата фолк-пејачка Татјана Лазаревска го прослави својот 50. роденден заедно со своите најблиски, па се огласи на Инстаграм.
„Денес ми е роденден. Здраво 50-ти, животот е преубав“, напиша познатата пејачка во коментарот на својата објава.
Таа си доби и многу роденденски честитки, а меѓу првите и честитаа колегите Марјан Коцев и Катерина Брезева.
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Пејачката привлече внимание и со својата препознатлива кратка коса, па си доби и бројни комплименти за својот изглед.
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Имено, Татјана веќе со години и е верна на оваа своја фризура, а често привлекува внимание и со комбинациите што ги носи.
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Таа и денес, на прагот од својата шеста деценија, изгледа феноменално, за што сведочат и следниве нејзини изданија…
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Потсетуваме, Татјана и нејзиниот сопруг Новица веќе десетина години живеат во Австралија заедно си нивните синови, Петар и Стефан.
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Тие се преселија во Мелбурн 2015 година, каде сега имаат нов раскошен дом во кој често им доаѓаат на гости и колеги од Македонија.
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Имено, многу наши музичари досега го посетиле нејзиниот нов дом кога ќе дојдат на турнеја во Австралија, а познатиот пар секогаш домаќински ги пречекува со македонска песна и уживаат задно во веселата дружба.