Македонска Гранд ѕвезда што го освојува Балканот – и закопчана до грло изгледа како милион долари
Ова издание на пејачката е за секоја пофалба
![](/wp-content/uploads/2025/02/petrusovska.jpg)
Нејзиниот изглед заслужува само пофални зборови
Младата и шармантна пејачка Андријана Петрушовска во последно време освојува и со својот неверојатно с*кси изглед.
Иако не открива кој е заслужен за нејзините насмевки, каде и да се појави таа освојува со својот шарм и природна убавина.
Така беше и неодамна кога гостуваше во една емисија, облечена во преубав фустан кој како да беше создаден само за неа.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Станува збор за долга креација во црвена боја и целосно направена од раскошна тантела, а во која Петрушовска изгледаше како божица на страста. Пејачката целото издание го заокружи со црвени високи потпетици и црвен кармин, додека долгата коса и беше пуштена и зачинета со нежни локни.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Потсетуваме, Петрушовска има 25 години и живее во Драчево, а стана позната по нејзиното учество во „Ѕвездите на Гранд“.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Таа неколку пати беше дел од ова шоу и беше дел и од финалето, а претходната сезона го освои и високото трето место.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Тогаш второ место освои Мики Секуловски, а титулата ја однесе Шејла Зониќ со која и Марија и Мики се во одлични односи.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
За нашата публика посебно е остане запаметен настапот кога таа на сцената се појави со знамето со Сонцето од Кутлеш.
Таа и тогаш носеше црвен фустан, но и голема наметка преку него на која го имаше симболот што ги воодушеви сите.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Потсетете се тука и на овој настап на Петрушовска, а во продолжение погледнете уште неколку нејзини шик изданија.