Реклама
Наши ѕвезди

По операцијата, Ивана Јо се трансформираше во вистинска убавица, цвеќиња пристигнуваат од обожаватели – „ветувам правење бесна фризурка“

„Периодов сум изненадена како Бог ми потврдува за изборите кои сум ги направила при селекција на луѓето во мојот живот. Секој ден само потврди и изненадувања ми пристигнуваат“.

Реклама

Пејачката Ивана Јо веќе извесен период престојува во Клинички центар во Турција каде се изложи на операција за разубавување.

„Патот кој живот ќе ми смени започна на 20. јануари, упатувајќи се накај Истанбул“, напиша Ивана пред три недели на својот инстаграм-профил.

Потоа таа детално ги информираше своите следбеници на социјалните мрежи за операцијата.

Маркетинг

„Најважно од сѐ е во целиот процес-отстранување на вишок кожа да се влезе со вистински и реални очекувања од своето тело. Предизвик ќе биде целиот процес- но знам дека со верба и добра мисла сѐ ќе помине“ – пишуваше Ивана во една од објавите.

Сега пак, таа се пофали со новиот изглед од кој е многу задоволна.

Маркетинг

„Нема филтер, нема бирање, само чиста емоција и љубов. Периодов сум изненадена како Бог ми потврдува за изборите кои сум ги направила при селекција на луѓето во мојот живот. Секој ден само потврди и изненадувања ми пристигнуваат.

Овој овошен букет патувал од Охрид. Утринава стигна директно пред врата. Со @elitmarihairandmakeup работевме на стилизирање на косата на “Тие очи”. Тие денес одлучиле со нивната енергија да ме посетат дури од ОХРИД праќајќи пресовршен букет овошје. Точно на време стигна овошјето- само тоа сакам да јадам деновиве.

Благодарам за убавата порака. Само храбрите храброста ги прати. Фала ви за убавата пренесена енергија- а јас ветувам за брзо настап во Охрид и правење на некоја бесна фризурка. Ве сакам“ – напиша Ивана Јо, постирајќи видео на кое се гледа трансформацијата во вистинска убавица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IVONA JO (@ivonajo)

Следуваат и други операции закажани по опоравувањето, а и за нив Ивана вети дека детално ќе ги известува своите следбеници на Инстаграм.

Потсетуваме, Ивана пред неколку години направи операција на желудникот и буквално се преполови, но се уште инвестира во својот изглед.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button