Ова е родената сестра на Лила Стојановска – ретко се експонира, живее во Шведска со семејството
Погледнете како изгледа и станот во кој некогаш живеела водителката со својата сестра и родителите
![](/wp-content/uploads/2025/02/lila-stojanoska5-780x470.jpg)
Сестрата на Лила со своето семејство живее далеку од Македонија
Нашата најпозната водителка Лила Стојановска важи и за една од најпознатите жени од Македонија на социјалните мрежи, но и покрај нејзината голема популарност и постојана присутност во медиумите, многу детали од нејзиниот живот се „тајна“.
Имено, малкумина знаат дека Лила има сестра која живее во Шведска, земја во која и водителката живеела во младоста.
И додека Лила важи за една од најпознатите дами во Македонија, нејзината сестра Маца, односно Марина Кипријановска, речиси никогаш не се експонира во медиумите, па затоа и малкумина знаат како изгледа.
Лила со својот син Филип
Но Лила е мошне блиска со неа, па често знае да отпатува во Гетеборг во Шведска, градот во кој омилената водителка е родена.
Таа до своја 12 годишна возраст живее во Шведска, а нејзиното семејство по потекло е од скопското село Виниче.
Колку Лила и Маца се блиски може да видиме и од следната фотографија што водителката ја сподели во една пригода, но и од пораката што таа ја објави неодамна, на роденденот на нивната мајка.
Инстаграм/ Лила Стојановска
Лила тогаш заедно со свој син Филип беше на роденденот, а тука беше и нејзиниот брат Борче Стојаноски со своето семејство.
Инстаграм/ Лила Стојановска
Километри далеку, но мошне блиски
Инаку, Лила и покрај тоа што е со километри далеку од својата сестра, тие и денес се мошне блиски и поврзани, а познатата водителка секогаш кога ќе и дозволат обврските знае да отпатува во Шведска.
Инстаграм/ Лила Стојановска
И тоа на неколку дена како би поминала повеќе време со својата сестра, но и со нејзиното семејство.
Па така Лила во една пригода на Инстаграм сподели неколку фотографии и откри како ужива во оваа земја задно со својот син.
Инстаграм/ Лила Стојановска
Градот во кој што е родена
„Кога после години ќе се вратиш во градот каде што си се родил… Kога го препознаваш секое ќоше, а истовремено ти изгледа како првпат да го гледаш, кога доаѓаш како турист, а всушност си дома. Здраво Гетеборг!“ напиша тогаш Лила под следните фотографии, а на нив се и нејзините внуки.
Колку беше среќна Лила тогаш, потсетете се во продолжение…
Инстаграм/ Лила Стојановска
Инстаграм/ Лила Стојановска
Познатата водителка во една пригода покажа како изгледал и станот во кој некогаш живеела со својата сестра и родителите…