Домаќинката Зорка Јанчева е неуморна кога готвењето е во прашање. Овојпат ни носи рецепт за неодолива мусака по традиционален рецепт.
1,500 гр мелено мешано месо
3 главици кромид
1 црвена пиперка
1 црвен патлиџан
1 морков
4 чешниња лук
1 500 гр компири
за превив – 500 мл млеко и 3 до 4 јајца
Подготовка
Исечкајте ги, издробете ги и испржете ги намирниците, а потоа додадете го меленото месо. Заедно се пржат, зачинете ги со зачини по желба, но додадете и куркума за неодолив вкус.
Компирот се лупи, се сечка на тенки кругови и се реди во тавата за печење. Прво се реди компир, па смесата со месото, па повторно компир, па смеса со месо и се завршува со редење компир.
Се додава малку вода и потоа се става на печење во рерна, да се крчка.
Се матат јајцата се додава во нив млекото и убаво се мешаат. Се зачинува со сол, бибер и оригано. Смесата од јајца и млеко се претура врз мусаката. Потоа, пак се враќа во рерна да се крчка.
Кога водата од тавата ќе изврие, се додава рендан кашкавал. Повторно се враќа во рерна само кашкавалот да се растопи.
Добар апетит!