Епидемија на смртоносен вирус на дестинацијата која стана популарна за Македонците – осум смртни случаи досега
Смртоносниот вирус Марбург прави хаос.
![](/wp-content/uploads/2025/02/1-1-780x470.jpg)
Зголемена телесна температура, интензивна главоболка, слабост, постојана дијареа, повраќање, осип, незапирливо крварење од сите телесни шуплини – ова се симптомите на опасниот вирус Марбург.
Иако во нашата земја, како ни во соседна Србија, во моментов нема регистрирани случаи на овој вирус, српските лекари веќе искажаа загриженост, бидејќи голем број Срби патуваат во Занзибар, кој е дел од Танзанија. А токму во Танзанија во моментов е забележана епидемија на Марбург вирусот, со осум смртни случаи досега.
Танзанија во последниве неколку години стана популарна и за Македонците.
Вирусот кој моментно прави хаос низ Африка, не се пренесува преку воздух, туку преку директен контакт со секрет од заразени животни или луѓе со Марбург вирус.
Стапката на смртност е дури 24 проценти.