Естетскиот хирург Роберт Стојовски не би вработил во неговата ординација девојка со пренагласени гради и усни – „Тие што се пренапумпани сакаат да сокријат нешто на себе“
На тема каде се кријат добрите прилики, во емисијата „Нешто конкретно“ се разви жестока дебата.
![](/wp-content/uploads/2025/02/robert.png)
За добра прилика актерката Катерина Шехтанска не ја смета жената која само оди по доктори и се „боцка” и не прави ништо друго, на што повикан се најде другиот гостин, естетскиот хирург Роберт Стојовски кој на шега рече – „види, има закон за рекламирање, па ќе видиме како ќе поминеш“, и додаде дека тој прв не би вработил кај себе во ординација девојка со пренагласени гради и усни.
-Оние кои претеруваат со естетските корекции тоа го прават затоа што сакаат да сокријат нешто кај себе – заклучи Стојовски.
На прашањето дали поранешните се добра прилика, Шехтанска беше децидна:
„Господ некогаш ги враќа бившите да види колку си глуп!“
Во разговорот се наметна и прашањето дали ако твоите родители се веќе познати во фелата, автоматски ти се отворени вратите на што Шехтанска остро демантираше:
„Јас како ќерка на актер (Александар Шехтански) многу полошо поминав и на факултет и сега како актер. Тие што го мразеле татко ми ме мразат и мене и не ти ни даваат шанса да се докажеш“.
На ова се надоврза и д-р Стојовски кој рече дека како син на двајца доктори секогаш го гледале дека и факултет и во професијата напредува токму заради родителите:
„Е затоа си отидов на приватно, да не ми викаат дека сум останал во јавно здравство заради врските“.
Професорот Васко Наумовски, кој првпат има искуство со вакво гостување, имаше одличен одговор на прашањето за оние мажи кои се плашат нивните убави сопруги да ги покажат во јавност.
„Е па, во подрум нека ги чуваат“, рече тој, алудирајќи дека станува збор за ниска самодоверба.
Водителот Ненад кој беше тука да подбуцне, праша: Дали е побитна кубикажата во гради или дебелината на книгите за една жена да успее?
Потсетуваме, во интервју за Гламур.мк, Шехтанска зборуваше за тоа како започнала нејзината актерсја кариера.
„Како ќерка на актер, некако беше логично да израснам во театар, а можда и не, ама ете така сакала судбината да си поигра со мене. Од 9-годишна возраст започнав со балетот, нешто што може беше судбински или сосем случајно татко ми да има проби во МНТ (сегашен МОБ), и бидејќи пробите започнуваат од 10 часот, а градинката (сега се навраќам на почеток) од 7.30 часот, и во тоа вреше немаше кој кога сака да го носи детето во градинка, се знаеше имаше ред, не дозволиле покасно во градинка, не ме примиле и бил приморан да ме носи со него на проба…
Со моите предиспозиции што често во тоа време постарите балерини знаеа да кажат руски, се навлеков на балетот, се чекаше само да наполнам доволно години бидејќи во тоа време не беше како сега од прво туку од трето одделение се почнуваше. Понатаму, се течеше како што треба, почнаа настапи, снимања. После првиот балетски годишен концерт бев земена во театарска дипломска претсава на Васил Христов и се навлеков на тоа. Сметав дека тие две професии не можат една без друга, плус фактот што сум родена во куќата на Милчо Манчевски, позади Вардар Филм, што друго да се очекува од мене“, рече Шехтанска.