Еве зошто Калиопи Букле важи за кралица на емоциите од Македонија и зошто цел Балкан ја сака и обожава
А за неа тоа е само чиста љубов!
![](/wp-content/uploads/2025/02/kaliopi6.jpg)
По незаборавниот концерт во Скопје, пејачката Калиопи за 8. Март најави „реприза“ во Белград
Една од нашите најголеми поп-диви, Калиопи Букле, по успешниот концерт во Скопје најави уште една убава вест.
Имено, Калиопи на Денот на жената ќе одржи голем концерт во Белград, и тоа во култната „МТС Дворана“, со што македонската дива ќе ја продолжи својата традиција со настапи на ова култно место.
Ова ќе биде нејзин трет настап во оваа сала каде таа ќе се дружи со белградската публика и најавува незаборавен настан.
Принтскрин/ Инстаграм
И како што пишуваат српските медиуми, никој не се сомнева дека Калиопи и овој пат безрезервно ќе се даде целосно самата себеси на сцената. Токму затоа таа важи и за „кралица на емоциите“ меѓу музичарите од регионот, но и за публиката, а како што самата вели, сета енергија што ја има ја црпи од љубовта.
„Ги разбирам луѓето што мислат дека не можам да бидам баш толку енергична, се прашуваат од каде ми е силата да бидам таква, да имам време со секој да позборувам. Со секој на улица зборувам, едноставно тоа е љубов“, изјави Калиопи на прес-конференцијата што ја одржа во Белград по повод нејзиниот концерт.
Што се однесува до репертоарот, Калиопи за медиумите изјави дека ќе биде изненадување, но и дека на сцената ќе ја придружува целата екипа од незаборавниот концерт што пејачката го одржа во октомври во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.
Принтскрин/ Инстаграм
Концерт што ќе остане запаметен
„Времето бргу поминува, но сеќавањата од 19.10.2024 се свежи, како вчера да беше концертот кој на сите ни донесе огромна радост“, изјави Калиопи неодамна во интервју за Гламур магазин (види тука) потсетувајќи се на овој настан за кој без претерување може да кажеме дека беше концерт на годината во Македонија.
Принтскрин/ Инстаграм
Целото интервју со нашата дива прочитајте го тука, а повеќе за концертот кога цела сала „трештеше“ од емоции и љубов ѕирнете тука.