Реклама
Холивуд

„Ни рецепт, ни принцот Хари“ – првата емисија за готвење на Меган Маркл е дебакл, критики пристигнуваат од сите страни

Првата епизода од новото шоу за готвење на Меган Маркл е остро критикувана на интернет. Гледачите не  разбрале зошто воопшто ја гледаат емисијата: Меган не го покажала принцот Хари ни нивните деца Арчи и Лилибет, а во емисијата немало ни рецепт. 

Реклама

„Меган не кажа ништо од типот „потребно ви е 200 грама брашно“ или нешто слично“, „Ова е се друго само не емисија за готвење“, „Станува збор за инспирација – повеќе како „зошто да не пробате да ја направите оваа тестенина или овој десерт“, „Хари никаде го нема“, се само дел од бројните негативни коментари.

Според многумина, оваа емисија е посветена само и конкретно на Меган, која сака да се позиционира во јавноста одвоено од принцот Хари. Според Нетфликс пак, емисијата за готвење на војвотката од Сасекс е наменета да комбинира „практични совети и искрени разговори со пријатели, нови и стари“.

Маркетинг

Претходно, инсајдер објави дека Меган Маркл и принцот Хари нема да се разведат дури и ако има проблеми во нивниот брак, бидејќи тоа не е од корист за нив.

„Тие вредат повеќе заедно. За нив не е профитабилно да се разделат – сите нивни зделки се заеднички“, тврди инсајдерот за Дејли меил.

Маркетинг

За проблемите во нивната врска досега многупати се зборуваше, наводно тие живеат одвоено, а принцот Хари е уморен од постојаната контрола на Меган, му недостасува неговиот минат живот, па дури е подготвен да склучи мир со своите роднини и да се врати во Англија. Во меѓувреме, парот почна и почесто да се појавува во јавноста одвоено што дополнително ги подгреа гласините.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button