Реклама
CATWALKFashion

Не една, туку две Македонки во трка за Мис Јуниверс Австралија 2025 – напред убавици!

„Се чувствувам нереално да го кажам ова, но пресреќна сум што можам да објавам дека сум избрана за VIC државен финалист за Miss Universe Australia 2025“

Реклама

Две преубави девојки со македонско потекло кои живеат во Австралија, Кристина Стојановски и Викториа Николоски, се во официјалната селекција за годинешниот Мис Јуниверс Австралија. Браво девојки!

Викториа Николоски, принтскрин

Мис Јуниверс Австралија (Miss Universe Australia) е официјален претселекциски натпревар за Miss Universe. Секоја година, во програмата Miss Universe Australia учествуваат 130 од најинспиративните и најубавите самоуверени  млади жени во земјата, кои поминуваат низ неверојатна програма за личен развој каква што нема друга. Излегувајќи од неа со зголемена самодоверба, нови пријателства и корисни контакти, поранешните учеснички го искористиле овој важен настан на убавина за да се залагаат за важни светски прашања и да изградат успешни кариери.

„Офиџијално на моето Мис Јуниверс патување! Се чувствувам нереално да го кажам ова, но пресреќна сум што можам да објавам дека сум избрана за VIC државен финалист за Miss Universe Australia 2025!

Маркетинг

Едвај чекам да запознаам толку многу инспиративни жени и да ја искористам оваа платформа за да се залагам за значајни каузи, вклучувајќи ја и тојбоксаустралија (toyboxaustralia) – неверојатна организација која ги поддржува болните и ранливите деца и нивните семејства. Навистина ми е чест да застанам рамо до рамо со толку неверојатни жени од цела Австралија, користејќи ја оваа платформа за да осветлиме важни прашања и да направиме значајна промена.

Го прифаќам предизвикот да излезам од мојата комфорна зона и да се поттикнам да достигнам нови височини. Сакам да ја изразам мојата најискрена благодарност за оваа неверојатна можност. Ви благодарам!“ – напиша Кристина Стојановски на Инстаграм.

Маркетинг
Кристина Стојановски, принтскрин – Инстаграм
Кристина Стојановски, принтскрин Инстаграм

Им посакуваме на Викториа и Кристина многу успех во натпреварувањето.

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button