Лоши вести за Македонците што живеат во Германија – и најголемите компании започнаа да делат откази
Позната германска компанија отпушти голем број работници
Отпуштања и во Германија
Голема германска компанија од дрвната индустрија заради неликвидност мораше да отпушти бројни работници.
Како што пишуваат германските медиуми, заради се поголемата криза во областа на градежништвото многу фирми завршуваат во стечај, а и големата компанија „Ziegler Group“ мораше да преземе драстични мерки.
Имено, оваа компанија мораше да се соочи со тешките предизвици, но и да им соопшти лоши вести на своите работници.
Оваа вест непријатно изненади многумина во ноември кога оваа компанија поднесе барање за банкрот од надлежниот сид.
Унсплаш
И додека парите од инсолвентноста на почетокот ги спасуваа платите на оние што работеле во оваа компанија, сега пристигнуваат повторно лоши вести што разочара голем дел од овие работници.
Имено, околу 100 работници добиле известување за раскинување на работниот однос многу пред да истечат нивните бенефиции во случајот на несолвентност, но оваа компанија моментално нема друг избор.
Од друга страна, покрај лоѓите вести, за едни работници пристигнаа и добри, а тоа е дека околу 650 вработени сега имаат нов работодавач, додека сите останати се уште се во стечајна постапка.
Има потенцијални инвеститори
Како што пишуваат германските медиуми, во момент има и потенцијални инвеститори, но тоа бара нови отпуштања.
Во спротивно инвестицијата не би била исплатлива, така што околу 300 работници мора да бараат нова работа.
Тие примија и известување дека им завршува работниот однос бидејќи „Ziegler Logistik“ престанува со работа.
И во многу други компании состојбата е слична.
Состојбата со германската економија е лоша веќе некое време, па заради тоа се повеќе фирми отпуштаат работници.
Како што неодамна пишуваше „Дојче веле“, германската економија може да се соочи со рецесија, а од кризата посебно е погодена индустријата. Големи германски компании се соочуваат со сериозни тешкотии, така што многу фирми најавија мерки за штедење и отпуштање на работници.
Според проценките на истражувачите, се очекува раст на невработеноста, така што до пролет овој тренд нема да се промени.
Компании што во последните недели и месеци најавија масовни откази се Шефлер, Континентал, Бош, Фолксваген, Форд, БАСФ, но и многу други, што секако ќе се одрази негативно и на нашата земја.