Оваа убавица го освои срцето на „Гранд“ ѕвездата од Македонија – на Карлеуша и беше омилен!
Погледнете каква убавица е саканата поранешен учесник во „Ѕвездите на Гранд“ од Македонија
Некогашниот учесник и финалист во „Ѕвездите на Гранд“, Филип Пецовски, важи за мошне успешен и баран пејач во Македонија.
Филип додека се натпреваруваше во популарното шоу ги воодушевуваше сите со својот глас, но и со атрактивниот изглед.
Покрај талентот за пеење, одлично се снаоѓа и како фитнес инструктор, а во популарното што во кое се натпреваруваше пред неколку години беше под менторство на Карлеуша на која и беше миленик. Филип по шоуто продолжи да ја гради успешно својата кариера и е еден од ретките кој за брзо време по натпреварот објави неколку хитови, а ги воодушеви сите и со обработката на „Боже, чувај ја од зло“, од Тоше Проески.
Инстаграм/ Филип Пецовски
Тој и денес важи за миленик, посебно на женската публика, а е мошне популарен и на социјалните мрежи.
Но неговото срце денес припаѓа на една млада дама со која Филип пред неколку месеци ги изненади сите.
Инстаграм/ Филип Пецовски
Имено, шармантниот пејач тогаш откри дека ја запросил својата сакана, а овие фотки се уште стојат на неговиот Инстаграм.
Инстаграм/ Филип Пецовски
Романтичното запросување се случи на едно патување во хотелска соба, кога Филип саканата ја изненади со прстен.
Пејачот тога внимавал на секој детаљ од декорацијата, а како сето тоа изгледаше, потсетете се од фотографиите во продолжение…
Инстаграм/ Филип Пецовски
Потсетуваме, Филип се прослави со учеството во популарното талент-шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде и денес важи за еден од најголемите заводници што некогаш се појавиле на грандиозната сцена.
Инстаграм/ Филип Пецовски
За време на шоуто и беше миленик на својата менторка, Јелена Карлеуша, која за него велеше дека изгледа како манекен.
Како изгледаше Филип тогаш, потсетете се во продолжение…