Еве како нашата фолк-пејачка со кусото фустанче и проѕирните штикли му пркоси на студот
Пејачката ги воодушеви и мажите ио жените
![](/wp-content/uploads/2025/02/stojne8-780x470.jpg)
Никогаш не изгледала поубаво
Познатата фолк-пејачка Стојне Николова неодамна, на снимањето на една новогодишна емисија, ги изненади сите со своето издание.
Таа тогаш се појави во беж креација која во долниот дел беше речиси целосно проѕирна (фотографија #2), така што Стојне со ова издание никого не остави рамнодушен.
И само неколку недели подоцна, Стојне повторно во акција. Имено, пејачката сега покажа дека има смелост да излезе од својата комфорна зона и да се прошета во издание со кое ќе привлече внимание и ќе ги воодушеви своите верни обожаватели.
#1
Инстаграм/ Стојне Николова
И повторно беж нијанса, само што овој пат фустанот беше со ултра куса должина, така што во преден план беа нозете на пејачката.
На овој начин младата пејачка повторно им ја заскокотка фантазијата на многумина, покажувајќи дека што и да облече изгледа како милион долари, па дури и во најризичните креации наменети за најсмелите.
Стојне на нозете носеше целосно проѕирни чевли со високи потпетици, а целото издание го заокружи со преубава фризура.
#2
Инстаграм/ Стојне Николова
Па, од еден до десет со која оценка би ги оцениле овие две комбинации на познатата македонска фолк пејачка?
Инстаграм/ Стојне Николова
На следната страница погледнете уште неколку интересни изданија на Стојне со која таа го украде шоуто и на социјалните мрежи, но претходно, во коментарите на нашата официјална Фејсбук страница, кажете ни, од еден до десет, со која оценка би ги оцениле овие две интересни комбинации на нашата позната фолк-пејачка.