Не држи диети, обожава да јаде чоколади, а изгледа беспрекорно – ова е тајната на Евгенија Марковска
И по две бремености изгледа беспрекорно
Евгенија е горда мајка на две деца, а неодамна специјално за Гламур магазин ја откри тајната на својата совршена линија
Поранешната манекенка Евгенија Марковска е во среќен брак со проф. др. Вело Марковски со кого доби две дечиња, Павле и Катерина.
Но и покрај тоа што има две породувања зад себе, Евгенија и денес е во топ форма и изгледа како и во своите манекенски денови.
Таа нема ниту еден грам вишок на своето тело, што може да се забележи и од нејзините изданија во костими за капење, што оваа прекрасна мама знае одвреме-навреме да ги сподели на својот профил на социјалните мрежи и пријатно да ги изненади своите фанови.
Инстаграм/ Евгенија Марковска
Но она што е најинтересно, кога е изгледот на Евгенија во прашање, е тоа што таа не држи никаква диета, а има феноменална линија.
Инстаграм/ Евгенија Марковска
Таа во една пригода во интервју за Гламур магазин ја откри својата тајна, но и дека сака чоколади и дека воопшто не внимава на исхраната.
„За да се одржам во форма пред се е најважен активниот начин на живот. Обврски околу децата, трчкање по нив, собирање играчки…Покрај тоа сакам да вежбам фитнес и да трчам додека ги слушам омилените песни. Јас не гледам на вежбањето како обврска, туку како грижа за себе и после секој тренинг се осеќам среќно и исполнето. Често го добивам прашањето ‘дали ти јадеш нешто?’“
Инстаграм/ Евгенија Марковска
„Да, јадам се, всушност воопшто не внимавам на исхраната исто така уживам и во јадење чоколади, но како што кажав за да се одржам во форма најважно ми е да бидам активна во текот на денот“, изјави госпоѓа Марковска во една пригода за Гламур.мк.
Поранешната манекенка тогаш исто така ни опиша и како изгледа еден нејзин ден, кои се нејзините редовни навики и како успева и покрај сите обврски да најде време и за вежбање, кое сепак, е важен дел од нејзината рутина со која ја одржува својата форма.
Инстаграм/ Евгенија Марковска
„Денот обично ми започнува околу 6:30, прва станува Кате па веднаш ме разбудува да одиме да си играме. Денот го започнувам секогаш со нега на лице (миење, дневна крема и заштитен фактор). Околу 7 станува Павле. После појадокот имаме заеднички активности, сега откога почна со училиште го спремам за таму, а потоа бидејќи Кате е мирна кога е без бате за тоа време успевам да средам низ дома. Кога времето дозволува одиме на прошетки, си играме во двор“.
Инстаграм/ Евгенија Марковска
„Вежбањето го оставам за попладне особено кога е жешко преку ден. Децата рано заспиваат околу 20:30, па после тоа имам време за ноќна рутина, најпрво сакам да ги соберам играчките, потоа да посветам малку време на себеси, релаксирање, повторно нега на лице и на крај останатите два до три саати ги поминувам во работење на докторатот, но има и денови кога едноставно немам концентрација, па само сакам што побрзо да спијам“, ни открива Евгенија.
Целото интервју со неа прочитајте го тука.