Реклама
Хороскоп

Светец на денот – Св. свeшт. мч. Климeнт Анкирски, најмачениот меѓу мачениците

Сите од создавањето на светот кои заради Бога трпеле секакви страдања, било од оган, железо, камен или дрво; и кои се бореле со ѕверови; и кои долго време биле мачени во синџири; и кои умреле од разни мачења на Земјата, во вода, во воздух; и оние што биле лишени од живот со какви било маки и казнувања - сите биле далеку надминати од свети Климент Анкирски и Агатангел по своите маки.

Реклама

Роден е во 258 година, во градот Анкира, од татко паганин и мајка христијанка. Неговата благочестива мајка Ефросина му прорекла на синот маченичка смрт и го напуштила овој свет кога Климент имал дванаесет години.

Нејзината пријателка Софија го зема Климент во нејзината куќа како нејзин син и му помага да се подигне во христијански дух.

Климент бил толку познат по својот добродетелен живот што во својата дванаесетта година бил избран за епископ Анкирски.

Маркетинг

Во младоста се здоби со мудрост на старец и со голема воздржаност го скротил и го совладал неговото тело. Јадел само леб и зеленчук, ништо не јадел што било крваво или заклано.

За време на Диоклецијан, тој бил толку страшно мачен „како што никој никогаш не бил од создавањето на светот“.

Маркетинг

Поминал дваесет и осум години во мачеништво и во затвор, а единаесет различни мачители го мачеле.  Кога еднаш го удриле по лицето, го плукнале и му ги скршиле забите, тој му извикал на мачителот Доментијан:

„Почест ми правиш Доментијане, а не ме мачиш, зашто и на мојот Господ Исус Христос устата му беше така тепана и образите му беа шамарани, и гледај, јас, недостојниот, сега станав достоен за ова!“.

Кога го извеле пред императорот Диоклецијан во Рим, царот поставил на едната страна разни инструменти за мачење, а од другата страна – подароци, украси, облека, пари – сè што можел да даде царот, а потоа му рекол на Климент да избере.

Христовиот маченик со презир погледнал на сите богатства на царот и го избрал орудието за мачење.

И тој бил мачен без да каже збор: парче по парче месото му го откинувале од телото, така што коските се виделе бели, под месото.

Конечно, бил убиен од војници во 312 година во црквата во Анкира, кога му служел на Бога како епископ. Чудата на Светиот свештеномаченик Климент се безбројни.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button