Реклама
CelebrityНаши ѕвезди

Познатите и нивните близнаци – едни се како „јајце на јајце“, други сосема различни, а најубави се кога се на иста фотографија (фото)

Познатите личности сакаат да го држат својот приватен живот подалеку од очите на јавноста. Изненадувачки е што дури и такви важни факти, како тоа дека имаат брат или сестра близнак, понекогаш остануваат скриени од љубопитните очи.

Реклама

Постои заблуда дека децата родени во исто време се огледални слики едни на други, и надворешно и внатрешно. Не секогаш е така.

Секој од нас си ја гради својата судбина, па затоа понекогаш и најблиските луѓе можат да имаат различни погледи и цели за иднината. Некои луѓе претпочитаат мирно и тивко секојдневие, додека за други, универзалното признание е многу важно.

Добро ни се познати имињата на близнаците кои со заеднички напори постигнаа неверојатен успех. На пример, актерите Дилан и Кол Спроус и познатите сестри Мери-Кејт и Ешли Олсен. Кај нас пак, тоа се познатите пејачки Маријана и Росана.

Маркетинг

Сепак, има јавни личности чии браќа или сестри близнаци избраа поинаков професионален пат, но тоа не ги оддалечи еден од друг.

Жизел и Патриц Бундхен

Кој би помислил дека најплатената манекенка во светот, ангелот на Викторија Сикрет, Жизел Бундхен, има сестра близначка. И тоа, подеднакво убава.

Маркетинг

Жизел и Патриција се родени во 1980 година, со разлика од пет минути. Постарата, Патриција, за разлика од Жизел, избра помалку јавна кариера, таа се најде зад камерите, во областа на менаџментот и односите со јавноста.

Бундхен повеќе пати спомна дека без поддршката и организационите вештини на Патриција, таа не би можела да постигне таков успех.

Девојките се многу блиски и често поминуваат време заедно и покрај тоа што нивниот секојдневен начин на живот значително се разликува.

Жизел и близначката Патриција, фото – Инстаграм giselebundchenonline принтскрин

Рами и Сами Малек

Рами Малек е оскаровец кој може да се обиде во која било улога: може брилијантно да го игра Фреди Меркјури и да се појави во улогата на главниот противник на Џејмс Бонд. Но, помладиот (за само четири минути) брат близнак Сами реши да се посвети на друга благородна професија – тој стана учител.

И двајцата Малек се обидуваат да го избегнат непотребното внимание на јавноста, но Сами сепак може да се види на некои социјални настани, каде што тој срдечно го поддржува својот брат.

Рами и Сами Малек, принтскрин Јутјуб

Ештон и Мајкл Кучер

Во 1978 година се родија близнаци со разлика од пет минути: постариот Ештон, идна холивудска ѕвезда, се родил како силно и здраво бебе, но на помладиот Мајкл му била дијагностицирана церебрална парализа.

Во текот на нивниот живот, момчињата отсекогаш биле многу блиски, Ештон му помагаше на својот брат да верува во себе и во детството го штител од булинг од неговите врсници.

Пред да стане актер, славниот убавец дури планирал да оди на медицина за подетално да ја проучува болеста која засекогаш го променила вообичаениот начин на живот на семејството Кучер. Благодарение на љубовта и поддршката на неговите блиски роднини, Мајкл успеа да стане успешен адвокат и да раководи со добротворни фондации за помош на децата со вродени болести. Тој е исто така и мотивационен говорник.

принтскрин Инстаграм

Скарлет и Хантер Јохансон

Една од најплатените актерки во Холивуд, Скарлет Јохансон, има брат близнак!

Братот и сестрата се родени со разлика од само три минути и заедно ги направија првите чекори во кинематографијата како деца.

Меѓутоа, Хантер речиси веднаш сфатил дека глумата не е неговиот пат и се посветил на политичката кариера. Во едно неодамнешно интервју, Скарлет зборуваше за нивната врска:

Скарлет и Хантер Јохансон, фото – принтскрин Инстаграм

„Се разбира, знаеме толку многу еден за друг бидејќи бевме заедно во утробата. Тој е величествен. Ние сме многу блиски. Мојот брат Хантер… Тој е скапоцен камен. И да, патем речено, тој е сингл“.

Линда и Лесли Хамилтон

Актерката Линда Хамилтон е родена шест минути по нејзината близначка Лесли. Како дете, Линда имаше силен комплекс за сличноста со нејзината сестра и правеше сè што може за да ги натера другите да ја забележат нејзината индивидуалност: се здебели, ги исече трепките и експериментираше со фризурата.

Подоцна, откако го надминаа својот младешки период, Линда и Лесли станаа неразделни, иако тие сепак избираа професии во сосема различни области – Линда го поврза својот живот со кинематографијата, а Лесли со медицината. За жал, во 2020 година почина постарата сестра, а филмската ѕвезда сè уште не може да се помири со загубата.

принтскрин Инстаграм

Ева и Џој Грин

Француската актерка Ева Грин има сестра близначка Џој. Девојките пораснаа во семејство на актери и беа навикнати на уметност уште од раното детство – дури посетуваа специјални курсеви, но само Ева реши да го поврзе својот живот со шоу-бизнисот, додека Џој избра да стане адвокатка.

И покрај многуте гласини за раздор, сестрите се во многу топли односи.

Во едно интервју, ѕвездата на филмот „Сонувачи“ зборуваше за нејзината врска со Џој: „Со годините станавме поблиски – како деца бевме премногу различни. Сега навистина се согласуваме; Сè уште сме многу различни, но некако се надополнуваме“.

Ева и Цој Грин, принтскрин Инстаграм

Кај нас, во Македонија, најпознати близначки се пејачките Маријана и Росана.

Маријана и Росана

Многу блиски уште од мали нозе, и двете во иста професија, а и денес – иако се физички одделиени – познатите кумановчанки се неразделни.

Маријана долги години живее во Австралија, а Росана во Скопје.

Малкумина знаат дека нивната мајка, Гордана Стојановска, била прва мисица на Куманово, уште во 1962 година. Следувале понуди на југословенско ниво, но Гордана не сакала да гради кариера на моделка.

Маријана и Росана (меѓу нив Сергеј), фото Фејсбук

Дадар и Александра

Стилистот Александар Билјановски – Дадар има сестра близначка, Александра Василева. Дадар ужива да биде во друштво на внуците (децата од сестра му), а со Александра заедно ги слават родендените.

Александра се родила десет минути подоцна од Александар.

Во детството, Александар и Александра, фото Фејсбук

Александра неодамна се пофали со мајсторството на брат ѝ, објавувајќи фотографија на Фејсбук на која позира нашминката. Во објавата пишува – „тоа е тоа, златните раце негови, лав ју бро“.

Александра, фото Фејсбук

Андреа и Патриција Ѓеоргиеви

Не само што се успешни како диџејки, штипјанките Андреа и Патриција се преубави девојки, а многумина ги споредуваат со супермоделката Андриана Лима.

фото-принтскрин Инстаграм

Со својот талент и убавина станаа познати низ целиот Балкан.

Инаку, во музичките води се уште од мали, земале часови по пијано, а денес се посветени на друг тип музика.

Работат под уметничкото име The Geors, како странска адаптација на нивното презиме Ѓеоргиеви.

принтскрин инстаграм
принтскрин – Инстаграм

Оле од „Зевзекманија“ и сестра ѝ близначка се како „јајце на јајце“

И Олгица Поцкова која на јавноста ѝ стана позната како глумица во емисијата Зевзекманија има сестра близначка со која често позира на социјалните мрежи.

Радовишанките отсекогаш биле многу блиски, имаат и сличен стил на облекување, но за разлика од Оле, близначката не се експонира во јавност.

Но нели си личат како јајце на јајце.

фото – Оле Поцкова, Инстаграм
фото – Оле Поцкова, Инстаграм
фото – Оле Поцкова, Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button