Реклама
Наши ѕвезди

Битолскиот бодибилдер Паљо има сличности со Ал Пачино и Роберт де Ниро – „жена ми е 32 години, јас сум 63, тештата е помлада од мене“

На Паљо ова му е прво дете и е исклучително среќен дека ја има малата верзија од себе. Тој додаде и дека на почеток заради стереотипите и возраста мајката на неговата сопруга не му зборувала, а сега вели - „па ваков зет ова е чудо". Сопругата на Паљо има 32 години.

Реклама

Да сум жена на 24 часа прво што ќе направам? Ќе се направам маж-вака одговори битолската бодибилдинг легенда Паљо-Зоран Лазаревски гостувајќи во „Нешто конкретно“ кај Снеже Велков, каде дознавме дека е еден од ретките кој со своите 63 години се придружува на Ал Пачино и Роберт де Ниро кои станаа татковци после 60 години.

На Паљо ова му е прво дете и е исклучително среќен дека ја има малата верзија од себе. Тој додаде и дека на почеток заради стереотипите и возраста мајката на неговата сопруга не му зборувала, а сега вели – „па ваков зет ова е чудо”. Сопругата на Паљо има 32 години.

Маркетинг

На стереотипите се надоврза и еден од најдобрите хармоникаши во Македонија, Војче од Маестро кој кажа дека неговата сопруга е повисока од него и дека за тоа на шега вели ги купил сите можни бои на балетанки.

Таско пак додаде: Мојата сопруга е постара од мене, но кажа дека поголемо внимание кај неговото семејство предизвикале тетоважите бидејќи Наташа е тетовирана речиси по целото тело.

Маркетинг

На крајот заклучокот беше дека не се важни ни годините на бројките ни тетоважите, ако се има дијалог и разбирање бракот е убав.

Бидејќи темата беше што сакаат мажите, Маја Глигоровска кажа дека не сака мамини синови, но сепак ако нејзиниот син дома донесе снашка која личи токму на Маја, таа ќе му рече „браво сине“.

Во однос пак, на карактеристиките ако мора да бираат мажите би ја сакале онаа надменост на паунот, елегантноста на коњот, но разиграност на мајмунот.

На почетокот на брак се едно животинче, па потоа се менува -во духовит тон заклучија гостите.

Погледнете ја епизодата која изобилува со духовити и досетливи заклучоци.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button