Реклама
Наши ѕвезди

Пејачот Јордан Митев конечно откри дали е внук на 97-годишната Добрила за која сите зборуваат?!

Еве што вели Јордан за Добрила, но и што кажа Маре за нашиот познат фолк-пејач

Реклама

Нашиот познат фолк-пејач Јордан Митев пријатно беше изненаден кога во една од најгледаните емисии го слушна своето име.

Имено, во последната емисија од „Никогаш не е доцна“, еден од најпознатите композитори и музичари во Србија, Саша Милошевиќ Маре, кој е и постојан член на жирито во ова шоу, имаше само пофални зборови за Јордан. Тој го спомена Митев пред настапот на натпреварувач од Македонија, Тони Тушев (повеќе за овој настап прочитајте тука), а за нашиот фолк-пејач имаше само пофални зборови, откривајќи дека се многу добри пријатели.

„Скоро бев во Скопје, кај Јордан Митев, тој е мој добар пријател, и снимив една негова песна. Добар пејач, добар човек, добар музичар, образуван“, изјави композиторот и му посака среќа на кандидатот.

Маркетинг

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Инаку, Маре е автор на текстот и аранжманот на песната „Молитва“ со која Марија Шерифовиќ победи на Евровизија во 2007 година.

Маркетинг

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Потсетуваме, Јордан Митев, минатата година беше поканет во една емисија од ова популарно шоу да биде дел од жирито.

Тој тоа тогаш радо го прифати, а пред камерите изјави дека оваа емисија е една од омилените на неговите родители.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Неговото гостување во „Никогаш не е доцна“ привлече големо внимание кај многу гледачи, посебно кога седна на клавирот и ја изведе неговата популарна песна „Наздрави за љубов“ со која пејачот и го отвори ова популарно шоу за „ветерани“.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Тој при гостувањето откри и дали Добрила Чабриќ (97) навистина му е баба, а што изјави тогаш, погледнете во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button