Што се случува со здравјето на Боки 13 – постојано е по болници, блиските загрижени за неговата состојба?!
Боки откри дека е во болница каде ги прима своите терапии, но и дека лошо ги поднесувал истите...
Познатиот шоумен Бојан Јовановски познат како Боки 13 откако излезе од затвор постојано е активен на социјалните мрежи.
Тој додека беше во затвор имаше сериозни проблеми со здравјето, а деновиве даде изјава од болница каде примаше терапија.
И како што вели самиот, најмногу проблеми има со желудникот кои настанале по зафатот што го имал, а ситуацијата се влошила во затворот.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
И како што откри Боки за „Информер.рс“, заради лошите услови во затворот неговата состојба се влошила, така што дошло до сериозни компликации, па и откако е ослободен мора редовно да оди во болница и да прима лекарства. Но неговиот организам лошо ги прима и овие терапии, па докторите му кажале дека ќе му ги менуваат, па тој често завршува во болница.
Потсетуваме, Боки не се чувствуваше добро и пред да биде осуден, додека траеја судските процеси против него.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Како што тогаш откри неговиот адвокат Сашо Дуковски, на Боки му се појавиле силни болки заради операциите што ги направил, а кои не биле успешни. Јовановски тогаш направил операција на желудникот заради намалување на тежината, но заради компликации долго време по операцијата му се лошеше и постојано повраќаше и оваа ситуација се влоши кога се најде во притворското одделение.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Боки само додека се наоѓаше во притвор преку 60 пати беше однесен во болница, а абдоменалниот хирург уште тогаш предлагал операција да се направи веднаш и да биде на строго хигиено-диететски режим.