Реклама
Хороскоп

Светец на денот – Свети Тимотеј, еден од апостолите кои престојувале во Македонија

Денес, 4 февруари, го празнуваме Св. ап. Тимoтeј, eдeн oд сeдумдeсeттe апoстoли.

Реклама

„Внимавај,“ – му пишува апостол Павле на Тимотеј, – „никој да не ја презира твојата младост, туку биди пример за верните – во збор, во живот, во љубов, во дух, во вера, во чистота. Додека не дојдам, занимавај се со читање, со поуки и со учење. Не занемарувај го дарот што е во тебе“ (1 Тим. 4, 12-14).

„Придржувај се до правдата, верата, љубовта, мирот со сите што го повикуваат името на Господа со чисто срце. Избегнувај ги глупавите и неразумни расправи, знаејќи дека тие предизвикуваат расправии; а слугата Господов не треба да биде кавгаџија, туку добродушен кон сите, способен да поучува, трпелив, со кротост да ги исправа оние што се спротивставуваат“ (2 Тим. 2, 22-25).

„Проповедај го словото, настојувај во време и невреме, забранувај, охрабрувај со сето долготрпение и поука. Биди буден, поднесувај навреди, извршувај ја службата на благовесникот, исполнувај ја својата должност“ (2 Тим. 4, 25).

Маркетинг

Апостол Тимотеј ги исполнил заповедите на својот свет учител. Тој бил првиот епископ на Ефес и ревносно се трудел да ја утврди христијанската вера. Исто така, примал поуки од апостол Јован Богослов, кој проповедал во Мала Азија, и по смртта на епископот, Тимотеј, по своето враќање од островот Патмос, останал во Ефес како епископ.

Најомилен ученик на Свети Павле

Свети Тимотеј бил најомилениот ученик на светиот Павле, добил високи пофалби од него на многу места во неговите Посланија. И тој самиот искрено го сакал светиот Павле како татко и никогаш не го напуштил откако беше избран од него и земен со себе да проповеда.

Свети апостол Тимотеј потекнувал од Ликаонската област (Мала Азија), а воспитанието и образованието ги добил во градот Листра. Неговата мајка и баба биле религиозни и праведни жени, за кои споменува и апостол Павле во своите посланија:

Маркетинг

„Сакам да те видам, потсетувајќи се на твоите солзи, за да се исполнам со радост, потсетувајќи се на твојата нелицемерна вера, која најпрво беше во твојата баба Лоида и во мајка ти Евникија; уверен сум дека е и во тебе.“ (2 Тим. 1:4-5).

Кога го посетил во Листра, апостол Павле направил чудо: со збор ја излекувал личност што била крива од раѓање. Гледајќи го тоа, жителите на градот се зачудиле и рекле: „Боговите во човечки облик слегоа кај нас.“

Кога дознале дека се луѓе, и тоа противници на незнабоштвото, мнозина го примиле светото крштение. Меѓу нив била и мајката на апостол Тимотеј, која во тоа време била вдовица. Со радост го примила апостол Павле во својот дом и му го доверила својот син на учење.

Неколку години подоцна, гледајќи дека младиот човек достигнал зрела возраст и напредувал меѓу добродетелите, светиот Павле го направил свој постојан придружник.

Кога пак светиот Јован Богослов, возљубениот ученик Христов, бил прогонет на островот Патмос, Тимотеј станал епископ на градот Ефес.

По 15 години, тој пострадал како маченик.

Во Ефес се празнувал паганскиот празник Катагогиум, при што незнабошците со песни и игри шетале низ улиците и напаѓале случајни минувачи. Свети Тимотеј се обидел да ги спречи, но тие, разгневени, го нападнале, го влечеле по земја и на крајот го убиле со камења.

Апостол Тимотеј во Македонија

Источна Македонија зазема посебно место во историјата на христијанството. Се вели дека за време на своето Второ мисионерско патување, околу 50 година од н.е., апостол Павле имал видение кое го навело да дојде во Македонија, за да ја проповеда Божјата реч и да го претстави учењето на Исус Христос во Европа. Со себе го зел и апостолот Тимотеј.

Каде се денес моштите на Свети Тимотеј

Моштите на светителот во IV век биле пренесени во константинополската црква на светиите апостоли во близина на гробниците на светиот Андреј и светиот Лука.

Во 1204 година, крстоносците ги пренеле моштите во италијанскиот град Термоли, каде што тие се чуваат и денес во базиликата Света Марија. Мали делови од моштите се наоѓаат и во Николаевскиот манастир во Форт Мајерс (Флорида, САД) и во Казанскиот собор во Елиста (Русија).

Базиликата во Термоли е значајно место за христијанската историја и привлекува бројни верници и туристи од целиот свет.

Паметањето на апостолот Тимотеј Православната Црква го слави на 4 февруари.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button