Реклама
Наши ѕвезди

Водителката со најубаво тело го зашемети Париз – сите се вртат по згодната скопјанка

Водителката Анѓела е позната и по своето преубаво тело, долгите нозе, негуваната коса.

Реклама

Кариерата ѝ тргна во нагорна линија од 2020 година, кога за неа слушна пошироката јавност, откако освои две титули на Мис Глоуб.

Потоа, убавата манекенка заплови во водителски води – беше водителка на Бекстејџ, од каде премина во Везилка.

Скопјанката Анѓела е позната и по своето преубаво тело, долгите нозе, негуваната коса.

Маркетинг

Водителката деновиве престојува во Париз, додека претходно ја истражуваше Италија. Судејќи според комуникацијата на нејзината фејсбук-страничка, во меѓувреме, го совладала и италијанскиот јазик.

Во Париз Анѓела не е сама, друштво ѝ прави господинот со стил, а таа му парира облечена во француски шик – карирано есктра мини фустанче во стилот на 60-те години, високи црни чизми и баретка на главата.

Маркетинг

Во преден план се нејзините долги тонирани нозе.

фото – Фејсбук, Анѓела Јакимовска

Убавицата, очигледно, внимава на изгледот, од ноктите кои се убаво средени до дискретната шминка па до чантичката исто така во ретро стил која се вклопува во целосниот изглед.

Неколку дена претходно, на самиот крај од јануари, Анѓела ги почести своите фејсбук-пријатели со две фотографии од ресторанот на екстравагантниот хотел Le Meurice кој се наоѓа на познатата улица Риволи.

фото- Фејсбук Анѓела Јакимовска

„Маса за двајца“ – напиша водителката.

Овојпат беше дотерана во мал црн фустан со впечатливи хулахопки и чевли со високи потпетици, покажувајќи ја својата доминација во просторијата.

Дека љубовта е во воздухот и во срцето, тоа е повеќе од очигледно, но дали се ближи огласувањето на свадбените ѕвона?

И тоа може да го замислиме, откако знаеме колку убаво на Анѓела ѝ стојат гламурните венчаници во кои, инаку, често позира.

фото – Стефан Соколовски, Атеље Жана Брајдал, модел Анѓела Јакимовска
Фото- Ателје Жана Брајдал

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button