Реклама
Вести и политикаНаши ѕвезди

Таткото и сестрата на Фросина скршени од болка – oд преголемата тага одвај стојат на нозе (видео)

Настан што предизвикува голема болка, но и горчина...

Реклама

И покрај преголемата болка семејството на Фросина присуствуваше на протестот во Скопје во кој граѓаните го изразија својот револт и бараа правда за младата дизајнерка што беше прегазена на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје…

По страшната несреќа што се случи во Скопје во која на пешачки премин беше прегазена Фросина Кулакова (22), граѓаните веќе неколку дена излегуваат на протести и бараат правда за неа.

Протести имаше и вчера, а на нив беа присутни и членовите на семејството на Фросина и протестираа заедно со граѓаните.

Маркетинг

И додека граѓаните се движеа по улиците низ Скопје носејќи транспаренти со пораки против корумпираните институции, помеѓу нив тажна и скршена од преголемата болка се движеше и сестрата на Фросина, Росица. Но таа успеа да собере сила и да даде изјава за медиумите, барајќи правда за својата сестричка, но воедно испрати и силна порака до сите нас.

Маркетинг
Инстаграм/ Фросина Кулакова

Таа со солзи во очите и голема болка зборуваше, потенцирајќи дека случајот мора да добие вистинска правна разрешница.

Облечена во црно од глава до пети неа мораше да ја придржуваат пријателите за да не падне, одвај движејќи се со граѓаните.

Инстаграм/ Росица Кулакова

На протест се огласи и таткото на Фросина, Тодор Кулаков, кој во своето обраќање пред насобраниот народ го критикуваше системот, односно корумпираните службеници во државата.

Тој со солзи на очите зборуваше за својата ќерка, откривајќи дека била прегазена непосредно пред да замине за Париз на модна ревија.

Од друга страна мајката на девојчето, Камелија Кулакова, досега се нема огласено за медиумите, ниту пак на социјалните мрежи.

Фото: Гламур.мк

Таа само ја промени својата профилна слика и стави црна позадина на својот профил на Фејсбук на овој начин изразувајќи ја својата преголема болка, а многумина под оваа нејзина објава ѝ изразија сочувство

Потсетуваме, 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино на 29 јануари беше прегазена на пешачки премин додека го преминуваше булеварот „Партизански одреди“, во близина на „Универзална сала“ во Скопје.

Инстаграм/ Фросина Кулакова

Возилото со кое беше усмртена младата девојка беше управувано од В.Ј. од Скопје кој возел пијан, без дозвола и минал на црвено.

На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на недозволиви супстанци.

Инстаграм/ Фросина Кулакова

Но наместо да биде во затвор и санкциониран, тој бил пуштен на слобода за да по некое време ја предизвика несреќата во која згасна животот на оваа наша млада дизајнерка и го завеа во црно нејзиното семејство.

Инстаграм/ Фросина Кулакова

Инстаграм/ Фросина Кулакова

Инстаграм/ Фросина Кулакова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button