Реклама
Наши ѕвезди

Ми фалат твоите гушки, носеше ведрина во себе – тажни сеќавања на Фросина, видеото растажи многумина

Еве каква беше девојката чиј живот прерано згасна...

Реклама

Цела Македонија тагува по Фросина

Несреќата во која трагично загина младата дизајнерка Фросина Кулакова од Неготино ја потресе цела Македонија.

Таа беше прегазена од несовесен возач на пешачки премин на „Партизанска“ кој возел без дозвола, пијан и поминал на црвено.

Маркетинг

Овој свиреп чин предизвика револт кај многу наши граѓани кои веќе неколку дена протестираат и бараат „правда за Фросина“, но и против заспаноста на нашето судство како и корупцијата на системот.

Маркетинг
Инстаграм/ Ана М. Јанковиќ

Една од нив е и пријателката на Фросина, Ана М. Јанковиќ, која сподели неколку снимки од протестот на својот Инстаграм.

Инстаграм/ Ана М. Јанковиќ

Но покрај снимките од протестот и пораките дека мора да се стави крај на ова неподносливо и изопачено безредие во државата, таа сподели и едно заедничко видео на кое е со прерано загинатата млада девојка.

Инстаграм/ Ана М. Јанковиќ

„Да знаеш само колку ми фалат твоите гушки, разговорите, ведрината која ја носеше со тебе, нашето живели, да ме прашаш пред секое искачање: ,’Што ќе носиш вечер?’ или пред почеток на академска година: ,’Кажи ми некој филм за инспирација’ … Боли многу Фроси моја… Фалиш во секој миг“, напиша Ана под ова заедничко видео на Инстаграм.

Инстаграм/ Ана М. Јанковиќ

Инстаграм/ Ана М. Јанковиќ

Оваа снимка растажи многумина, но покрај големата тага предизвикува и гнев и разочарување што живееме во една држава во која за ваквите работи може слободно да кажеме дека не се инцидент, туку систем. И токму тоа и беше главната порака на протестите што се одржуваат, односно дека не е кобна улицата, туку институциите се највиновни што млади лица ни гинат дури и кога преминуваат на пешачки премин во центарот на нашата метропола.

Повеќе за протестот прочитајте тука

Инстаграм/ Ана М. Јанковиќ

Инстаграм/ Ана М. Јанковиќ

Инстаграм/ Ана М. Јанковиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button