Реклама
Опа!

Што ќе се случи со богатството на Бил Гејтс кога ќе почине – еве каде ќе ги донира речиси сите 100 милијарди долари

Коосновачот на Мајкрософт и милијардер Бил Гејтс е еден од најбогатите луѓе во светот. Но, што ќе се случи со неговите пари кога ќе умре?

Реклама

Историјата сугерира дека да се биде технолошки гениј е најбрзиот пат до листата на богаташи на Форбс (Forbes), но некои милијардери повеќе се грижат за тоа какво наследство ќе остават зад себе отколку за трошењето пари додека се сè уште тука.

Бил Гејтс е дефинитивно еден таков пример.

фото-Бил Гејст Инстаграм

69-годишниот Гејтс ја основал технолошката гигантска компанија Мајкрософт (Microsoft) заедно со својот другар од детството Пол Ален, уште во 1975 година.

Маркетинг

Во моментов, Гејтс е на 15-то место на листата на богаташи на Форбс, со неверојатно богатство од 107 милијарди долари (85 милијарди фунти), додека неговите колеги-основачи на компании, Илон Маск, Џеф Безос и Марк Цукерберг, се на врвот на листата.

Интересно е што поранешниот извршен директор на Microsoft, Стив Балмер, всушност е пред својот стар шеф на листата, гледајќи од височините на десеттото место над компјутерскиот гениј.

Маркетинг

Но, што ќе се случи со целото тоа богатство откако Гејтс повеќе нема да биде тука за да го ужива?

Откако неговиот бизнис-партнер и сопственик на Seattle Seahawks, Пол Ален, почина во октомври 2018 година, Гејтс веројатно сериозно размислил за тоа каде ќе заврши неговото богатство по неговата смрт.

Дали децата на Бил Гејтс ќе го наследат неговото богатство?

Иако има само 69 години и сигурно се надева дека ќе си го продолжи животот, милијардерот веќе јасно стави до знаење дека неговите три деца – Џенифер (28), Фиби (22) и Рори (25) – ќе мора сами да го најдат својот пат во животот.

Сепак, не изгледа дека ќе останат гладни, бидејќи Гејтс во 2017 година на Reddit AMA сесија откри дека секое од нив ќе добие „само“ 10 милиони долари.

Очигледно, Гејтс не сака да придонесе кон зголемувањето на бројот на „непо бебиња“ (деца на славни и богати луѓе кои уживаат привилегии), додека неговата поранешна сопруга Мелинда веќе си го зема своето големо парче од богатството, со наводни 76 милијарди долари по разводот од 2021 година – најскапиот во историјата.

За споредба, поранешната сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, „скромно“ се задоволи со 45,3 милијарди долари.

Каде ќе заврши богатството на Бил Гејтс кога ќе почине?

Фондацијата што ја основаа Гејтс и неговата поранешна сопруга – Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс – најверојатно ќе биде најголемиот наследник на неговото богатство.

Од своето основање во 2000 година, фондацијата работи на подобрување на здравствената заштита и намалување на сиромаштијата низ светот, додека во САД се фокусира на проширување на образовните можности.

Очигледно е дека Гејтс е решен да продолжи да им помага на луѓето и по неговата смрт, бидејќи во 2022 година на платформата X (поранешен Twitter) вети дека ќе го донира речиси целото свое богатство. Одлична вест за сите што ќе имаат корист од неговата филантропија во иднина.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button