Реклама
Наши ѕвезди

Еве како изгледа денес животот на Анета по разводот од поранешниот – ги изненади сите со ова издание

Пејачката Анета во ново „руво“

Реклама

Никогаш не изгледала поубаво…

Пејачката во последно време се почесто ги изненадува своите верни фанови и со модните изданија во кои се појавува.

Познатата фолк-пејачка Анета Љумаковска беше во брак 22 години, па веста дека се разведува ги изненади сите.

Маркетинг

Но оттогаш помина речиси две години, а пејачката за ова време направи големи промени, па дури и во својот изглед.

Маркетинг
Инстаграм/ Анета Љумаковска

Имено, пејачката веќе одамна не настапува со „Молика“, туку има свој бенд со кој постојани има свирки низ Македонија, а задно со момците од групата се активни постојано и на социјалните мрежи.

Но покрај промената на екипата со која настапува, Анета направи уште една промена која исто така не помина незабележано.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Имено, пејачката во последно време се почесто може да ја видиме и во интересни модни комбинации, а нејзиниот стил претрпе значителна промена. Впрочем промената е забележителна и од нејзиното последно издание што го сподели на профилот на Инстаграм (сликата горе), а со кое повторно сите ги воодушеви.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Максимално ужива во слободата

Покрај новата фризура со која Анета го освежи лицето и заради која сега изгледа и значително помладо, нашата славна фолк- убавица го промени и стилот на облекување, па сега постојано не изненадува.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Па така таа сега се појави во црно од глава до пети, а посебно привлече внимание со кусото кожно здолниште.

И секако дека за ова свое издание си доби бројни комплименти, впрочем како и за многу други во кои ја видовме во последно време.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Па ако судиме според нејзините објави, Анета одлично се забавува, но и често се дружи со нејзините пријателки и колеги.

Повеќе од очигледно е дека по разводот пејачката решила животот да го живее со полни гради и за разлика од поранешниот семеен живот, сега и многу повеќе се забавува и е далеку поактивна и поприсутна во јавноста, а многумина коментираат и дека никогаш не изгледала поубаво.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

И сето ова става впечаток дека на пејачката и цветаат рози како на приватен, така и на деловен план, а позитивната промена секако дека сите ја забележуваат. Но дали тоа навистина е така или не, и дали зад оваа „нова“ насмевка на Анета можеби се крие и нешто друго освен изразот на една жена расположена за убавини, секако дека вистината за сето ова само таа ја знае и никој друг.

Бонус галерија

Пејачката Анета во ново „руво“

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Инстаграм/ Анета Љумаковска

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button