Реклама
Наши ѕвезди

По Мики Секуловски уште еден неверојатен пејач од Македонија во „Ѕвездите на Гранд“ (видео)

Но и покрај тоа што освои шест гласови, неговиот ментор не беше задоволен и очекуваше многу повеќе од него

Реклама

Младиот пејач ги воодушеви сите, но и тој самиот беше изненаден

Шармантниот млад натпреварувач од Македонија, Коки Петрушев, беше еден од четворицата кандидати што во последната епизода од „Ѕвездите на Гранд“ успеа директно да се пласираат во следниот круг.

Тој и самиот беше изненаден што успеа да освои шест гласови, па на сцената се прекрсти и му се заблагодари на Господ.

Маркетинг

Од друга страна Јована Раичевиќ од тимот на Марија Шерифовиќ која ја делеше сцената со Коки доби само три гласови, така што ова беше убедлива победа на Македонецот, но и на неговиот ментор Ѓорѓе Давид.

Маркетинг
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Но Ѓорѓе како Ѓорѓе, не беше задоволен од својот кандидат и беше убеден дека тој може д направи и многу повеќе.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Коки првата песна океј, а втората – не може да се пее како да сееш дрва во шума. Јас сум разочаран, депримиран, бидејќи Масимо да го пееш како ‘Ганс анд роузес’ е злочин. Ти честитам на тоа што помина, но многу сериозно ќе позборуваме за оваа, ова не беше вака договорено и ти не испочитува ништо“, изјави бесно рокерот за својот кандидат по позитивните реакции на сите останати во жирито и со тоа ги изненади сите.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Потсетуваме, Коки Петрушев е роден 1992 година во Скопје, каде има завршено основно и средно музичко училиште.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Како дете има започнато да свири виолончело, инструмент кој го научил не само на музика, туку и на важноста на дисциплината и посветеноста. Тој веќе на десетгодишна возраст го разбрал значењето на постојаната посветеност, а покрај музиката отсекогаш го сакал и спортот.

Како изгледаше неговиот настап погледнете во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button