Беше весело во домот на Соња и Јохан Тарчуловски – им пристигнуваат честитки од сите страни (фото)
Ова беше посебен ден за Соња и Јохан Тарчуловски
Како заљубени тинејџери
Познатата фолк-пејачка, Соња Тарчуловска, на својот профил на Инстаграм сподели заедничка фотка со сопругот.
Тарчуловска во последно време често споделува моменти со сопругот, што открива каков е нивниот однос и колку тие и денес се вљубени еден во друг. Впрочем за тоа зборуваат и нивните заеднички фотографии на Инстаграм, а пејачката овој пат имаше посебна причина да го направи тоа и пријатно ги изненади сите.
Имено, Соња и Јохан слават дваесет години брак, па пејачката ја сподели објавата на својот сопруг кој јавно, преку социјалните мрежи, на ваков начин и го честиташе овој важен ден на својата сакана сопруга.
Инстаграм/ Јохан Тарчуловски
Покрај нивната фотографија стојат залепени две разиграни срциња, а тие како и на сите заеднички фотографии, блескаат од среќа.
Фејсбук/ Јохан Тарчуловски
Потсетуваме, Соња често знае да открие детали од приватниот живот и како ужива со Јохан во кого и денес е заљубена до уши.
Фејсбук/ Јохан Тарчуловски
Круна на нивниот брак се нивните три деца, Мелани, Младен и Јоана, а како познатата фолк-пејачка изгледаше и на својата свадба, потсетете се во продолжение…