Ако поминете покрај градски стадион немојте да се изнанадите ако на јужна трибина забележите нешто неочекувано. Може на пример да слушнете и лаеж.
Нè дочека една необична слика. Група улични кучиња се качиле на јужна трибина и уживаат.
Оваа крзнена дружина го привлече вниманието кај случајните минувачи кои ги фотографираа и снимаа.
Да беа мачки немаше да се чудиме, но како кучињава се протнале и се искачиле до таму ќе остане мистерија.
Се гледа дека им е убаво на стадион и со нетрпение очекуваат нов натпревар.
– Може се мажоретки – низ смеа прокоментира една девојка што ги снимаше.
– Им се гледа фудбал изгледа на другариве – рече еден млад дечко.
Во секој случај сите се изнасмеавме и расположивме од оваа интресна случка во Скопје.
Низ ова видео ви пренесуваме малку радост и смеа од градот кое се надеваме дека ќе ве расположи.