Реклама
Бизнис

Нема да ви се верува, ама во Германија за ова плаќаат неверојатни 6230 евра и бараат работници?!

Но и покрај добрата заработувачка, во Германија ова речиси никој не сака да го работи

Реклама

Многу наши граѓани заминуваат да го бараат своето подобро утре во поразвиените земји од Европа, а најголемиот дел од нив нема никогаш да се врати во Македонија.

Нивните животи едноставно продолжуваат таму, а Македонија секојдневно се празни, посебно низ помалите градови.

Една од земјите во кои најчесто заминуваат луѓето од нашата земја е Германија, каде не морате секогаш да сте на некоја висока позиција за да заработите неверојатна сума на пари гледано од наша перспектива. Имено, во оваа развиена европска држава многу работни позиции кои кај нас се гледаат со потценување, но и кои во нашата земја најчесто се мизерно платени, таму не само што се заработува пристојно, туку и се поплатени од многу други.

Маркетинг

Фото: Илустрација

Станува збор за работни позиции за кои не ви треба академска титула, но кои во исто време и не се баш популарни во Германија.

Маркетинг

Еве некои од нив:

Гробар

Како што може да се прочита во германските медиуми, денес ретко кој од младите во Германија прифаќа да се занимава со оваа работа. И бидејќи нема многу заинтересирани, а истовремено станува збор и за дејност во која тешко некој може да останете без работа, за оваа позиција платата е далеку од лоша. Па така, според статистиката преку 25 % од гробарите заработуваат и повеќе од 3.762 евра бруто месечно, а оние што ќе го научат занаетот и многу повеќе.

Фото: Илустрација

Но секако не треба да се заборави дека станува збор за поприлично тешка работа, посебно ментално, наведуваат германските медиуми.

Пастор

Покрај гробарите, во Германија добро се платени и свештените лица, а исто така и оваа работа не е премногу популарна. Според порталот „Gehalt.de“, еден пастор во Германија има просечна бруто месечна плата од околу 6230 евра, но за да станете свештено лице во Католичка црква потреби се околу седум години, додека за протестантите се бара дури и нешто повеќе, па така овие работни позиции не се популарни кај младите, иако свештените лица најчесто добиваат и службен стан така што вкупните трошоци им се помали.

Фото: Гламур

Возач на шлеп-служба

Оваа работна позиција се бара во многу различни претпријатија во Германија, од држвни, до приватни, а годишната плата може да достигне и до речиси 37.000 евра бруто годишно. Интересно е и тоа што за оваа работа не ви е потребно никаква обука, освен да имате положено за возачка дозвола и тоа најмалку за „Ц“.

Покрај овие неколку работни позиции, добра плата имаат и оние во услужните дејности, посебно во угостителството, но и тие не се популарни заради кај Германците, посебно заради „незгодното“ работно време.

Исто така непопуларни, но во исто време и добро платени се и стручните лица за рециклирање и управување со отпад, каде лесно можат да се вработат и убаво да заработат и неквалификуваните работници. Па така вработените на овие позиции просечно месечно заработуваат околу 3283 евра бруто, а и оваа плата расте со годините и професионалното искуство, пишува хрватскиот портл Феникс магазин.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button