Духовни мисли од Св.Макариј Вeлики – „Смирениот никогаш не паѓа, па и каде да падне, кога тој е под сите?“
Денес, 1 февруари, го празнуваме светецот Макариј Велики, eдeн oд пoмладитe сoврeмeници на св. Антoниј Вeлики.
Преподобен Макариј Велики, Египетски, роден е во селото Птинапор, во Долен Египет. По желба на родителите, тој се оженил, но брзо останал вдовец.
По погребот на својата жена, Макариј си рекол: „Внимавај, Макариј, и грижи се за својата душа, бидејќи и тебе ти претстои да го оставиш земската живот“. Господ го наградил својот угодник со долг живот (сe упoкoил вo 390 гoдина), но сеќавањата на смртта од тогаш постојано било со него, принудувајќи го кон подвизи на молитва и покајание.
Ова се некои од духовните цитати на Св.Макарија Велики:
Плодовите на искрената молитва се: едноставност, љубов, смиреномудрие, истрајност, незлобивост…
Ако ти некого казнуваш и при тоа гневот те придвижува, ти на страста си се предал, зашто ти никого не спасуваш туку се губиш самиот себе.
Како што здивот, минувајќи низ кавалот, создава звук, така и Светиот Дух во чистото срце на светите луѓе пее, воспева и се моли на Бога.
Понекогаш добрите, на изглед, дела се исполнуваат заради слава и човечка пофалба; а тоа пред Бога е исто што и неправда, кражба и други гревови.
Слабите во верата и грешниците, во вистинска смисла, се робови.
Грижете се за верата и надеждата, од кои се раѓа богобојазлива и човекољубива љубов, што води кон вечниот живот.
Оној што се труди да поверува и да дојде при Господа, треба да се моли за уште овде да Го прими Духот Божји, зашто Тој е животот на душата.
Господ ја знае човечката слабост, дека човекот брзо се воздигнува; затоа го запира и му дозволува да биде во постојано вежбање и возбуда.
View this post on Instagram
Така се случува со некои: не имајќи расудливост, откако ќе стекнат малку мир и дар за молитва, започнале да се гордеат, да заборават и да осудуваат други, и на тој начин паднале во најдлабоката бездна на земјата.
Самомислењето е слепило на душата, кое ѝ дозволува да ја не познава својата слабост.
Кој е смирен пред Бога и пред луѓето, тој може да ја задржи даруваната му благодат.
Смирениот никогаш не паѓа, па и каде да падне, кога тој е под сите?
Ако некој не го чува великото смиреномудрие, тој се предава на сатаната и се разделува од даруваната му благодат, и тогаш се открива неговото самомислење, затоа што е и гол и сиромав.
Како што високото мислење за себе е големо понижување, така, напротив, смиреномудрието е големо возвишување и безбедно достоинство.
Што човек материјално возљубил во овој свет, тоа ја обременува неговата мисла, како да ја влече и турка надолу и не ѝ дозволува да се вознесе кон Бога.
Кај злото секогаш има еден ист трик – да не фрли во очајување во време на жалост, за да нè лиши од надежта во Господа.
Кога кај човекот не останала ниту искра на покајание, според Божјиот Суд тој станаува плен на огнот.
Душата може да се спротивстави на гревот, но не може без Бога да го победи или искорени злото.
Гревот е корен на злото.