Аделина Тахири е кралица на „диор“ – убавицата ужива во гламурот на Сент Мориц, ги покори и снежните патеки (фото)
Кога ќе се спомне нејзиното име се мисли на убавина и истенчен стил. Аделина Тахири Марков и покрај големата популарност секогаш е достапна за своите следбеници на Инстаграм.
Поп-пејачката Аделина Тахири Марков деновиве ужива во скијање на швајцарските Алпи.
Своите следбеници на Инстаграм ги почести со серија фотографии од патувањето, а и има што да се види – безпрекорен стил главно под знакот на луксузната модна марка „диор“.
Секој детаљ кој го носи на себе е осмислен – од заштитните очила за скијање („диор“) до бејзбол капчето („миу миу“) за лежерни верчерни излегувања, па до боди-то и ракавичките („баленсиага“).
На ова патување, Аделина е со сопругот Серјожа Марков. На некои фотографии, пејачката покажува како уживаат во швајцарските специјалитети, како што се фонду, паста со зеленчук и школки.
Меѓу бројните постирани фотографии има и такви кои покажуваат дека пејачката го сака и шопингот. Секако, време за обновување на гардеробата, треба да се најде.
За шопинг, таа е облечена во лускузна долга бунда и бела спортска модна комбинација.
Инаку, Сент Мориц е првото гратче во светот што одлучи да го патентира и да го заштити своето име и лого.
На прв поглед и накратко, Сент Мориц може да се опише со една реченица како зимска варијанта на Монте Карло.
Покривот на светот, како што го нарекуваат самите жители овој град, е најлегендарната дестинација за зимски туризам, во која дури повеќе од 60 отсто од гостите не застануваат на скии. Но, ова не важи и за Аделина, зашто таа се покажа како искусна скијачка.
Убавината на Аделина е очигледно наследна од родителите, зашто подеднакво преубава е и нејзината сестра, како и нивната мајка.
Гламур.мк, претходно објави неколку фотографии на кои позираат, речиси како близначки, двете сестри.
Диана, сестрата на Аделина, е исто така доста активна на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии и со својата сестра.
Двете сестри се многу блиски и често одат заедно на патувања.
Но, и мајката на Аделина и Диана, изгледа божествено. Вита, префинета, со блескаво лице и длабоки очи, таа е вистински пример на дама која очигледно ги инспирира ќерките.